вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 67
home Вести

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Силни на ветувања и одлични во лажење-тоа е СДСМ

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Силни на ветувања и одлични во лажење-тоа е СДСМ

Во низата на лаги на СДСМ за успеси во инфраструктурата се надоврза денеска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој денеска од Делчево не потсети на матрицата на СДСМ дека повеќекратно повторена лага станува вистина. Горан Сугарески се фали за успеси во капиталните инвестиции а и самиот е свесен дека нивото на реализација откако е СДСМ на власт е најнизок до сега, реагираат Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивната реакција следува во продолжение: 

СДСМ ветија масовни изградби на канализации а сведоци сме дека тоа не се случува.

Самиот министер Сугарески признава дека во Делчево во 3 години владеење допрва ќе се започнува постапка за асфалтирање на 3 локални улици. Ова е дефиниција за неуспех на СДСМ но тоа за нив не е проблем да кажуваат лажни суперлативи за нивната работа.

Притоа вчера и техничкиот премиер Оливер Спасовски информираше за повторни наводни успеси во инфраструктурата. Замислете тврди дека во моментов се градат 250 км автопати.

СДСМ говори за 250 км автопати а ние ќе ги потсетиме дека во нивното владеење не започнале ниту еден единствен километар автопат а ветија 600 километри.

Тоа е СДСМ, силни на ветувања и одлични во лажење но никаде ги нема кога станува збор за реализација.

Коронавирус