понеделник, 3. август 2020. Вести денес: 58
home Вести

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги заборави ветувањата за развој на струмичкиот регион

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги заборави ветувањата за развој на струмичкиот регион

СДСМ во предизборниот период ветуваа многу проекти за развој на општините од Струмичкиот регион, ветувања кои на крај останаа нереализирани.

Струмица е најголемата општина во регионот и СДСМ ветуваа многу мерки и проекти за жителите на оваа општина. Заев и СДСМ ветија многу проекти за надминување на проблемите со сообраќајот, како што се изградба на подземна сообраќајница во центарот на градот, изградба на 12 јавни паркиралишта за решавање на проблемот со паркирање, реконструкција и проширување на магистралниот пат до Штип каде ќе добие 4 сообраќајни ленти, како и воведување на организиран јавен градски превоз во Струмица.

Покрај овие, СДСМ во Струмица ветија и целосно урбано уредување на Турското маало, отворање на 16 нови фабрики во зоната Сачево, изградба на нова кино сала, цветен пазар, Мултифункционална хала за саеми и концерти, панорамско поврзување на градот со Цареви кули, изградба на СПА Центар Банско, изградба на нови игралишта, паркови и велосипедски патеки на многу локации и др. И секако, во свој стил, СДСМ и Заев ветија и излажаа.

И останатите општини од струмичкиот регион не беа поштедени од лагите на СДСМ. Така, за жителите на општина Ново Село СДСМ и Заев ветија и излажаа за изградбата на нова канализација и капела во с. Ново Село, изградба на клучка кај патот Ново Село-Зубово, изградба на нов мост помеѓу Ново Село и Зубово, изградба на водовод во Самоилово и многу други проекти.

За жителите на Општина Босилово, СДСМ ветуваа изградба на нова спортска сала во с. Босилово, повеќенаменско игралиште во с. Моноспитово, изградба на локален пат Иловица-Дрвош, изградба на отворен пазар во с. Босилово… И жителите на Босилово останаа само со празните ветувања на СДСМ.

СДСМ за жителите на Општина Василево ветија и излажаа за изградбата на мост на река Турија, изградба на Дом за стари лица, за изградба на канализација во с.Василево, парк во с.Пиперово, како и за изградба на депонија.

На 15 јули #ОбноватаДоаѓа и доаѓа крајот на најнеуспешната влада во историјата на Македонија.

#ОдбериОбнова

#ОбноваНаМакедонија

✍️14

Комисија за локална самоуправа

Коронавирус