сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Општини по мерка на туристите

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Општини по мерка на туристите

Проект Обнова ќе работи и на пристапот при развој на туризмот во Македонија.

Во поголемите општини од државата предвидуваме отворање бироа за туризам, кои ќе имаат обврска да ги организираат големите општински настани, да ја промовираат туристичката понуда на општините, да бидат вклучени во креирањето на културната програма на градовите и создавање на локални туристички брендови. Овие бироа ќе функционираат и на принципот „One Stop Agency“, а ќе обезбедуваат детални информации и соработка за најбрза реализација на инвестициите од областа на туризмот и користењето на ЕУ фондовите.

Освен тоа, преку креирање на туристичка апликација туристите ќе имаат преглед на сите историски, хедонистички, адреналински, природни и др. потенцијали кои ги има во Македонија и ќе имаат можност сами да си го креираат својот престој во државата.

Ова се само дел од проектите со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе допринесе за развој на тиризмот во државава. Останатите погледнете ги во електронската или печатена верзија на нашата програма.

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус