сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 49
home Вести

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: 15ти септември – денот на лагата на СДС

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: 15ти септември – денот на лагата на СДС

Во Фејсбук статус на комисиите на ВМРО-ДПМНЕ, се вели дека датумот 15-ти септември треба да биде денот на лагата, алудирајќи на фамозната изјава на екс претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, „на 15-ти септември“.

-15ти септември – денот на лагата на СДС. Во духот на денот на лагата на СДС министерот за транспорт и врски Благој Бочварски му порачува на источниот дел на Македонија мирно да спие и да не се секира воопшто за инфраструктурата затоа што тој е таму да се грижи за таа работа. Убедени сме дека и самиот не си верува во изјавите кога ветува рокови и кога кажува дека некоја делница само што не е завршена. Додека го пишуваме ова информираме дека новиот анекс за пролонгирање на рокот за завршување на автопатот од Кичево кон Охрид е во собраниска процедура и дека повторно министерот бара одложување на рокот. Претходниот рок кој истите СДС го дадоа го прекршија. Експресниот пат од Штип до Радовиш и од Штип кон Кочани се делници кои ги проектираше претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за истите обезбеди финансиски средства и започнаа градежните работи кои СДС веќе 5та година не успева да ги заврши и само повремено од безидејност излегува на прес конференции и кажува како патиштата само што не биле завршени. Ќе го потсетиме министерот Бочварски дека Македонија е единствената држава во регионот која нема меѓународен железнички сообраќај. Истиот беше укинат од страна владата на СДС во 2018 година. На нашите пруги се движат убедливо најспорите возови во регионот а тендецијата на СДС да ги доведе Македонски Железници до работ на пропаст им е се поуспешна. Наместо предизборни кампањи му порачуваме на министерот барем малку да се фати за работа наместо политиканство и да работи во интерес на граѓаните а не во интерес на партијата СДС, се вели во Фејсбук статусот.

Коронавирус