понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 82
home Вести

Коментар на денот – Петрушевски: Димитриевски потрошил 7 милијарди денари буџет за 4 години, а не направи ништо од тоа што вети

Коментар на денот – Петрушевски: Димитриевски потрошил 7 милијарди денари буџет за 4 години, а не направи ништо од тоа што вети

Општина Куманово е единствен случај во државата, па и пошироко во развиениот демократски свет, каде повеќе од 30 години една политичка партија управува со општината. СДСМ полни 3 децении ја узурпира власта во Куманово, користејќи за нив добро познати методи на притисок, а на штета на секојдневното нормално живеење на кумановци, изјави денеска во Коментар на денот, Бране Петрушевски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

– Изминатите 4 години, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски со мал прст не мрдна за Куманово. Изминатите 4 години Максим Димитриевски нема реализирано ниту еден капитален проект ветен пред граѓаните. А за жал, изминатите 4 години Максим Димитриевски потроши над 7 милијарди денари буџетски средства на општина Куманово! Кумановци на Максим Димитриевски не му ја дадода довербата само да вработува партиски послушници и да овозможува преку тендери богатење на поединци блиски до СДСМ, туку за:
– Изградба на две нови детски градинки. За жал, ниту една не е изградена.
Димитриевски вети изградба на ново основно општинско училиште, кое не го изгради, а не вети купување на нови службени возила, кои ги купи, посочи Петрушевски.

– Ако заборавил Димитриевски, кумановци не заборавиле дека им вети, а не направи: особено сериозен пристап кон решавање на круцијалниот проблем на граѓаните на општина Куманово со водоснабдување на општината, со изградба на капитална инвестиција – цевковод од Куманово до Липково. Овој проект предвидува нов начин на зафаќање на водите околу езерото Глажња и изградба на нов доводен цевковод во должина од 18,4 километри со дијаметар Ф 609,9 милиметри што ќе обезбедува сигурен доток на вода до филтер станица во Куманово од дополнителни 500 литри во секунди со што во подолг временски период ќе бидат задоволени потребите на граѓаните на општина Куманово. За жал, ништо од ова нема, вели тој.

Петрушевски го потсетува Димитриевски дека пред 4 години вети ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА ВО РУРАЛНИ СРЕДИНИ, а денес, во 21 век најголемиот број на рурални населени места во општина Куманово се уште немаат водовод и канализација. Нешто што требало да се направи уште во минатиот век.

– Димитриевски пред граѓаните се обврза за СПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД И ДИСЛОКАЦИЈА НА ПОСТОЕЧКАТА ДЕПОНИЈА, а денес состојбата од оваа област е уште полоша, а за дислокоција на постоечката депонија кумановци ќе мора да почекаат други подобри времиња. Ветеното ширење на Гасификациската мрежа, за жал остана само на хартија… За 4 години ниту еден државен објект не е приклучен кон мрежата, дури ни општата Болница Куманово, за која 4 години ветуваа гасификација, а ништо не направија. Ја потемцирам Општа Болница, која е еден од најголемите загадувачи на Куманово, бидејќи се загрева на мазут. Состојбата во сообраќајот и паркирањето во Куманово е уште полоша од пред да дојде Максим Димитриевски на чело на општината. Ветените 5 катни гаражи ги нема никаде, освен она поставеното железно монтажно ругло до Домот на културата, кој што е времен објект и се надевам дека во скора иднина ќе биде дислоциран. Ветениот развој на Индустриска зона во Речица за 4 години се претвори во стагнација. Ветената реконструкцијата и осовременувањето на градскиот плоштад и пред се пешачко поврзување на двата плоштада остана само на хартија да биде препишан и за следната изборна програма на СДСМ. Нов ГУП нема, а СДСМ на Куманово му потроши уште 4 годнини драгоцени, без никакво подобрување на условите за живот. Затоа на Куманово му се неопходни итни промени, кои треба да ги донесат нови луѓе со свежи идеи, додаде тој.

ЕУРО 2020

Македонија