понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Вести

Коментар на денот-Митева: Надлежните институции не преземаат мерки за случајот Јавна соба

Коментар на денот-Митева: Надлежните институции не преземаат мерки за случајот Јавна соба

Сексуалното вознемирување преку социјалните мрежи или личните и групните комуникации на која било апликација, поминуваат неказнето повеќе од година дена. Загрижуваат сведочењата на жртвите, кои велат дека се обратиле до вас, побарале помош, а добиле само згрчени раменици и одговор дека не можете ништо да направите. А реагирате само од кога гласно бевте повикувани и осудени за вашето непостапување, затоа што се осетивте вие лично политички загрозени. За изгубеното време, за ненадоместливата штета која е нанесена врз жртвите одговорност нема, вели Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Психолози и правници нудат бесплатна здравствена и правна помош на жртвите, а од надлежните институции бледо повикување на Закони кои во пракса немаат никаква употреба. Таков е случајот со Министерството за труд и социјална политика, кое треба да ја обезбеди и гарантира заштитата на жртвите. Не гледаме план како ќе помогнете, не гледаме координација со надлежните Центри за социјална грижа, ниту контакт со жртвите, само бледо известување на социјалните мрежи дека стоите на располагање. Вие сте тие кои треба да ги контактирате жртвите и да обезбедите помош и заштита онаму каде што треба. На површина испливаа сите ваши лажни заложби.

Се прашуваме кога декларативната заложба за заштита од насилство врз жените и семејното насилство ќе биде третирана како приоритет? После колку нанесени штети, после колку нарушени достоинства, после колку страв, стрес и уништени животи ќе го сфатите огромното разочарување од игнорантниот однос на надлежните институции во врска со случајот „Јавна соба“?

Почитувани претставници од власта, ваша должност е да превенирате, а доколку не можете тоа да го направите, Вие сте должни да ја информирате јавноста кои чекори сте ги преземале за да го сузбиете ова зло. Ваша одговорност е да ја гарантирате нашата безбедност, додава Митева.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија