вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 152
home Вести

Коментар на денот – Андоновски: Заради коруптивноста на Заев немаме вакцини ниту од запад, ниту од исток, народ умира, а тој брка провизии

Коментар на денот – Андоновски: Заради коруптивноста на Заев немаме вакцини ниту од запад, ниту од исток, народ умира, а тој брка провизии

Заев, Димитров, Османи и Филипче во нов целосен дебакл. Средина на март сме немаме ниту една вакцина, а заради нивната коруптивност денеска не отпиша и Европската унија, ова денеска преку коментар на денот го истакна Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, денеска објави кои земји ќе добијат вакцини како дел од пакетот за помош од ЕУ во висина од 530 милиони евра, меѓу нив не е и Македонија. На исток бркаат провизии, а западот му затвора врата на Заев затоа што е корумпиран. Вакцини од ЕУ ќе добијат Србија, Црна Гора и Албанија, но не и Македонија. Заев, Димитров, Османи и Филипче не излобирале за Македонија. Не само што не можат да купат вакцини со наши пари, туку и вакцините кои ги обезбедува ЕУ не можат да ги добијат, потенцира Андоновски.

Тој додава дека тезите дека Србија има вакцини затоа што е свртена кон исток, а ние кон запад, денеска пропаднаа во вода. Србија доби вакцини и од исток и од запад.

-Заев, Димитров, Османи и Филипче, после овој дебакл, подобро дајте си оставка веднаш. Додека вие се резилите за провизии, народ умира. Фамилии се зацрнуваат. Оставка! Одговорност, вели Андоновски.

Локални избори 2021