сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 80
home Вести

Коментар: Европратеничката Ирена Јовева со сигурност не е воспитана дека има корени од Северна Македонија

Иако немам навика ама баш никогаш да гледам МТВ, денеска после дежурство се враќам дома, на врата ме пречекува детенцето и не ни забележав дека на ТВ во позадина иде програма на МРТВ, односно вести. Завртен со гбот накај телевизорот и во еден момент ги слишам следните коментари „Северна Македонија та Северна Македонија“ ама баш буквално, она како мед да и тече од устата на девојчето, ми остна на памет па ја прогуглав на Интернет, односно на сајтот на се уште Македонската Радио Телевизија за да видам за што станува збор, то ест да ја побарам девојката која што се запнала за таа пуста СЕВЕРНА.
Коментар: Европратеничката Ирена Јовева со сигурност не е воспитана дека има корени од Северна Македонија

И што да видам, младата девојка да ти била пратеничка во ЕУ парламентот од незнам која си ти словенечка партија, арно ама и тоа дури со македонско потекло по мајка.

Со нејзиниот успех и нејзиното македонско потекло можеме да се гордееме сите, но она што ми остави голем впечаток е тоа што се запалила за пустата си СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, не верувам, а и секој нормален Македонец не верува дека додека пратеничката во ЕП парламент Ирена Јовева додека растела во Словенија нејзината мајка ја подучувала дека таа всушност потекнува од нејзината денешна си нејзина СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

Иако родени за време на длабок комунизам, а исто и самиот јас роден во Комунизмот, моите родители благодарение на нивните предци ми го пренесоа она богатство дека сум Македонец и за да можам да го пренесувам на моите идни поколенија, деца, ќерки, внуки и така натаму…

националноста и припадноста се од исклучително значење за сите народности, ова барем европската пратеничка треба да го знае, бидејќи таму на столчето кај што седи освен за рака дигање сигурно има прилика да слушне како сите претставници на нивните држави па и по припадност ги бранат интересите на оние кои што ги застапувааат.

Ирена ти посакувам убава и богата кариера, големи поздрави од Трајан Кристо од село ШУЛИН Мала Преспа, Република Албанија.

Коронавирус