понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 121
home Вести

Командант Хоџа ќе биде обесштетен за раскинувањето на советничкиот договор со Владата

Командант Хоџа ќе биде обесштетен за раскинувањето на советничкиот договор со Владата

Џезаир Шакири, познат како Командант Хоџа ќе добие износ во пропорционален сооднос со траењето на неговиот договор, појасни портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, на прашањето од „Мета“ дали на Шакири ќе му биде исплатен надомест, односно плата за неговиот ангажман во Владата.

Од Владата пред една седмица наведоа дека поранешниот командант на ОНА и човекот што важеше за „господар“ на Танушевци, и неколкупати по воениот конфликт во 2001 година даваше милитантни и радикалистички изјави, бил ангажиран како специјален советник на премиерот Зоран Заев како надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот.

Инаку, за тоа беше предвидена плата од 36.000 денари.

Коронавирус