сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 129
home Вести

Командант Хоџа чувствувал невообичаен замор и не знае колку ќе може да му помогне на премиерот (ВИДЕО)

-Бидејќи чувствувам нвообичаен замор, ми треба одмор за да ја сфатам новата ситуација што сум во градот. Десет години бев во шумата на Карадак, вели командант Хоџа.
Командант Хоџа чувствувал невообичаен замор и не знае колку ќе може да му помогне на премиерот (ВИДЕО)

Советникот за државна безбедност на Зоран Заев, Џезаир Шакири – командант Хоџа, во интервју за Лајм ТВ објаснува кои ќе бидат неговите задолженија на новата функција.

Тој вели дека по војната во Македонија бил во прогон од страна на албанските политичари и до ден денес не ја знае причината зошто го оставиле во планина 10 години.

-И сега се вратив овде со една симболична функција, каде што ќе имам плата околу 500-600 евра, не знам точно колку ќе биде. Позиција советник – ако не праша премиерот за некоја околност или ситуација, можеме да го дадеме само нашето мислење, но нашата функција не е давање наредба, премиерот има право да ја прифати или да ја одбие таа работа. Но, јас верувам дека премиерот има подоверливи институции во овој правец. Во безбедносните прашања сме покажале дека кога се работи за една криминална и мафијашка власт, можеме да ја вознемириме државата во основите, така што, како што знаеме да ја вознемириме да формираме структури, така знаеме да дадеме и позитивно мислење за стабилноста на државата или за една криза која се појавува тука и тоа ќе биде едно слободно мислење, рече тој.

Шаќири додава дека добил симболично работно место, бидејќи чувствува невообичаен замор и не знае колку ќе може да му помогне на премиерот за почитта што му ја укажал.

-Бидејќи чувствувам нвообичаен замор, ми треба одмор за да ја сфатам новата ситуација што сум во градот. Десет години бев во шумата на Карадак, вели командант Хоџа.

Коронавирус