недела, 31. мај 2020. Вести денес: 24
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

КОЛУМНА: ВЕНКО ЗАДОЦНИ, ГО ИЗГУБИВМЕ ЗДРАВСТВОТО!

КОЛУМНА: ВЕНКО ЗАДОЦНИ, ГО ИЗГУБИВМЕ ЗДРАВСТВОТО!

Колумна на Марија Андоновска од  комисија за здравство на ВМРО -ДПМНЕ:

Сериозно загрижува нефункционалноста на здравствениот систем во моментов. Целосна не организираност.
Но што друго и да очекуваш од човек како министерот за здравство, кој лажно, си ја вакцинираше сопствената внука,пред целата јавност.
Многу без надежно и срамно!
Не знае каде тера!
На почетокот на кризата Венко релативизираше.
Не допираа до него нашите добронамерни апели и навремени предлог мерки.
За потоа одеднаш со големо задоцнување, да почне дел од тие мерки да применува.
Но штетата е направена.
Тој како доктор треба најдобро да знае дека подобро е да се спречи отколку да се лечи.
Не знам дали по негова вина или во сето тоа имаше удел и неговиот шеф, но навистина ја утнаа работата многу.
За неговите задоцнети реакции, поправен нема, пострадаа граѓаните.
Укажвавме дека потребно е да се набават со време реагенси, заштитна опрема, да се организира работата на клиниките, да се направат протоколи, да се следи искуството од останатите земји и да се набави потребната терапија кој дава нај добри резултати, да се набават респиратори, да се организира јавниот превоз и работата на институциите, да се прави контрола на граничните премини и додека истите не се затворат сите кои влегуваат во државата да бидат сместувани во карантин со соодветни услови и уште ред други мерки.
Но се немаше слух.
Многу се задоцни со се.
Мерките се вистински мерки и даваат резултат, само ако се превземат во соодветно време.
Не само што немаше контрола на границите, туку и директорите на клиники како Цаца и оние од Кумановската болница, не одговорно се прошетаа до Италија и ни донесоа не посакуван “подарок” од таму.
За заштитната опрема да не споменувам. Цел медицински персонал оставен голорак. Здравствените работници оставени на милост и не милост, принудени сами да се снаоѓаат и да си купуваат опрема. Секоја чест на повеќе групи граѓани кои покренаа самостојно иницијативи и се организираа да помогнат и донираат различна заштитна опрема кои самите ја изработуваат.
Е тоа беше грижата на првиот бел мантил за хероите во бело.
Зарем требаше така !?
Но, затоа сме на прво место во регионот, по број на заболени и починати. Ете тука водиме. За жал бројот на заболени одново почна да се зголемува. Така е затоа што фокусот се префрли на брзи избори и повторно се заборави на нај важното- здравјето на граѓаните.
Масовно тестирање и покрај многу бројните апели, сеуште нема.
Комисијата за заразни заболувања е под силно партиско влијание на власта и не е во можност да работи согласно нивната стручност!?
Има не функционалност на клиники од витално значење. Се препраќаат пациенти, ниту ред ниту протоколи, ниту ништо. Други, не можат да добијат на времена здравствена помош. Трети пак, чекаат за операции.
За жал некои од нив не ја ни дочекуваат.
Ова ли му е тоа “се е под контрола” на Венко!?
Распаднат систем, без идеја, без визија,без желба да се направи да биде по добро. Само “гол” и префорсиран популизам и ПР.
Но како што споменав, нема што друго и да се очекува од човек на кој сеуште не му ги заборавивме сомнителните тендери и кој ја користи сопствената внука, за да креира лажна слика.
Но со оглед на тоа кој му е шеф и ментор на споменатиот, не ме чуди. Истиот тој “шеф” слушнавме како си ја продава сопствената ќерка за остров.
Ништо не им е свето, ни држава, ни семејство, а не па граѓаните да им се важни.
Важно е бизнисите и рекетот да им врви!?
На овој срамен арамилук и без редие, на следните избори, ќе им дојде крајот!

Коронавирус