сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 29
home Вести

Колумна на Вишна Шорова – Ангелова: ПАРТИСКО БУЏЕТСКО ЦЕДЕЊЕ НА ОПШТИНИТЕ

Колумна на Вишна Шорова – Ангелова: ПАРТИСКО БУЏЕТСКО ЦЕДЕЊЕ НА ОПШТИНИТЕ

Не е само рекетарска, криминална и предавничка, туку оваа власт е манипулаторска, лажна и бескрупулозна!

Примерите кои ќе ги поддржат овие тврдења се бројни, но она што не’ интересира најмногу е начинот на трошење на парите од граѓаните и бизнис секторот.

Како централните, така и локалните власти потфрлија на ова поле. На 21 март, неколку дена после почетокот на вонредната состојба власта ги „одмрзна“ забраните за вработувања и почна наголемо да вработува во локалните самоуправи. Во рекорден рок се потрошија брилијантни милиони евра за договори со агенции за привремени вработувања во ЛС и институции на локално ниво. Додека бизнис секторот тонеше во долгови, отпушташе вработени и бараше помош од власта, таа ги полнеше институциите со партиски војничиња. Така беше во Прилеп, Конче, Кисела Вода, Охрид, Бутел, Ѓорче Петров… Тендери и огласи за привремени вработувања “фрчеа” низ цела Македонија, додека народот молеше за спас од здравствената и финансиска безизлезност.

Откако веќе беа вработени партиските војници во општините и откако општините станаа непродуктивни партиски дувла, сега си го “белат образот” преку нови уредби, во кои наводно се кратат “непродуктивните трошоци” со привремените вработувања. Овие ПР популистички мерки, предвидени со априлските уредби само ги потврдуваат горе наведените тези.

Како овие трошоци не беа ноценети како непродуктивни на почетокот на вонредната состојба, кога истите беа експресно вратени во сила со уредбата за прашања поврзани со изборниот процес? Или сега, кога скандалознната масовна партизација се поклопи со буџетскиот и економскиот дебакл, се глуми одговорност? Можеби сега истата мерка за лажно кратење на непродуктивност можеби ќе ја залепат и на апетисаните, репрезентациите, патните трошоци, цвеќињата….

Како и цел минат мандат на власт, во криза или вонредна состојба, веројатно до крај СДСМ ќе туркаат злоупотреби, ќе го цедат буџетот до последна капка, од СДСМ ништо поинаку и не се очекува

Вишна Шорова – Ангелова

ЕУРО 2020

Македонија