сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 30
home Вести

Колумна на Стевче Антовски: СДСМ, ОЛИГАРСИТЕ И НАРОДОТ

Колумна на Стевче Антовски: СДСМ, ОЛИГАРСИТЕ И НАРОДОТ

Буџетот на Република Македонија е во многу незавидна положба. Како последица на економската криза причинета од здравствената криза создадена од пандемијата на вирусот КОВИД 19, буџетот на Македонија се „испразни“ за една недела. Од првичните изјави на Владата на Македонија дека буџетот е во стабилна состојба и може да се справи со новонастанатата кризна состојба, за една недела добивме буџет кој мора да се надополни со 2.2 милијарди евра. Толку од економската и блескава политика на Владата на СДС, толку од успешните економски политики кои се срушија како кула од карти уште на стартот од здравствената светска пандемија.

Од самиот почеток на појавата на вирусот во Кина  Владата гледаше како на локална, внатрешна епидмија. СЗО најави дека станува збор за вирус кој што се шири многу брзо, дека може да се случи сценариото “пандемија” и иако го оквалификуваа како смртоносен вирус, Владата на Македонија воопшто не се потруди да претпостави дека може еден ден, многу скоро да се прошири и во Македонија. Токму тоа и се случи и ние станавме дел од пандемијата КОВИД 19, а Владата на СДСМ тотално неспремна се изгуби во борбата со вирусот. Понатаму следеа здравствени мерки донесени под притисок на јавноста и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, кои беа ненавремени, нецелосни и нефункционални, едноставно задоцнети кои што делумно се почитуваа и спроведуваа од самата Влада,  а вирусот земаше сẻ поголем замав.

На сите им стана јасно дека како во целиот Свет така и кај нас ќе дојде до економска криза. Економската криза не бираше мали, средни или големи претпријатија, не бираше сектори од стропанството. Претпријатијата почнаа да се затвораат, десетици илјади граѓани останаа без работа, без својата основна егзистенција уште во самиот налет на економската криза. Поранешниот вицепремиер за економски прашања од Владата на Зоран Заев, г-нот Кочо Анѓушев беше меѓу првите што своите вработени ги остави без работа.

Техничката Влада на Република Македонија покажа неспособност во пресрет на економската криза, предводена од Оливер Спасовски заедно со својот Министер за Здравство Венко Филипче, иако вирусот беше присутен веќе еден месец во Македонија. Сẻ уште маки мачеа како да обезбедат основна медицинска опрема, заштитни маски, ракавици и одела за здравствените работници, а камо ли да ги согледаат последиците од неа и да почнат со донесување на превентивни економски мерки, едноставно неможеа, незнаеа.

Во ЕУ на големо се носеа мерки, се планираа дополнителни финансии за граѓаните погодени од кризата, се планираше помош за фирмите да останат ликвидни и како да ги зачуваат работните места. И повторно под притисок на јавноста и опозициската ВМРО-ДПМНЕ која што понуди цела палета економски мерки и планови за помош, Владата на СДС беше принудена да почне да се занимава со економските проблеми. Меѓутоа мерките што се донесоа за жал беа сẻ освен мерки што ќе го одржат стопанството и економијата во живот.

Прво што направија се погрижија како да го наполнат својот буџет, предложија мерки за намалување на платите во јавната администрацијата на минимални 14,500 денари убедувајќи не сите дека тие средства се сосема доволни за едно просечно семејство. Во услови кога имаме економска криза, еконимијата крахира и тоне со забрзано темпо било која Влада последно што треба да направи е да ја намали потрошувачката кошница на граѓаните. На стопанството му е потребен итен свеж капитал, а на потрошувачот средства за трошење со кои што ќе помогне на стопанството, а воедно ќе биде и самиот заштитен. Тоа е единствено правилно решение, мораме да внесеме свеж капитал во нашето стопанство, доволно е само да ги следиме постапките на ЕУ која што реши да ја помогне својата економија со неколку илјади милијарди евра.

Исто така ЕУ формира и фондови за помош на држави како нашата од кои што на Македонија само што и доделија  176 милиони евра финансиска помош. Деновиве слушнавме од Министерката за Финансии Нина Ангеловска дека се планираат заеми и од други финансиски институции, а исто така се планира да се обезбедат во месец Јули дополнителни 800 милиони евра во буџетот преку издавање на еврообврзница, иако премногу задоцнето, но да се надеваме дека така  ќе биде, бидејќи подобро некогаш отколку никогаш.

СДСМ идеолошки се лево ориентирани и треба првенствено да се залагаат за подобар и поквалитетен живот на народот, но повторно сме сведоци како СДСМ удира по џебот на народот. По втор пат од кога се дојдени на власт сакаат да ја покачат акцизата на горивата, во 2017 год. само што дојдоа на власт ја покачија за 3.5 денари и сега повторно планираат и тоа во екот на голема економска криза, под изговор дека треба  акцизата за екстралесното гориво што се користи како гориво за греење да се изедначи со акцизата за дизел горивото.

И повторно Министерката за финансии ги убедува граѓаните дека со тоа ќе се обезбедат на ниво на месец дополнителни 3.8 милиони евра во буџетот на Македонија. Напротив, ова е контрапродуктивна мерка која што ќе нанесе тежок удар на граѓаните и стопанството! Дали “народната” Министерка има и малку почит кон граѓаните, дали Министерката на СДСМ чувствува и најмала одговорност кон граѓаните кога им се обраќа со невистини и директно се обидува да ги манипулира, иако тие се тие што ја плаќаат, а таа е должна да работи во нивен интерес и во интерес на државата.

Дали навистина мисли дека народот ǔ верува дека покрај сите финансиски заеми од над 1 милијарда евра што се планираат да се обезбедат во наредниве неколку месеци, баш тие 3.8 милиони евра обезбедени од џебот на народот ќе нẻ спасат од економската криза? Дали Министерката Нина Ангеловска како Министер за Финансии има општи познавања од својата работа?  Дали Министерката Нина Ангеловска навистина мисли дека народот и верува дека со новата поскапа акциза која што ќе обезбеди само 3.8 милиони евра во буџетот на месечно ниво ќе успее да обезбеди успешно справување со економската криза или во позадина се крие нешто сосема друго? Дали со ова поскапување СДСМ зима од народот, а бенефитот ќе отиде само во неколку компании како што се МАКПЕРТОЛ, ОКТА, ПУЦКО ПЕТРОЛ, СУПЕРТРЕЈД, ЛУКОИЛ …. блиски до СДСМ и ДУИ.

СДСМ сите ја знаеме како партија со слаба економска способност да ја води државата, докажано низ годините од осамостојувањето на Македонија па сẻ до денес. Се уште е свежо сеќавањето на болната транзиција во 90 десетите години која ја доживеа Македонија под водство на СДСМ. Најмалку 200.000 работници избркани од фабриките, оставени на улица без основна егзистенција.

Грабежот на материјалните добра на Р.Македонија,  организиран од тогашната влада на СДСМ, од државата и народот отидоа во рацете на нивните партиски членови, со што се создаде Македонската транзициска Олигархија. За жал историјата се повторува и денес, безмилосно во екот на здравствената и екмономската криза, повторно преку наместените тендери со нереално високи цени за аспитатори и друга заштитна медицинска опрема, па сẻ до последната одлука за поскапување на акцизата на горивата во план на реализација. СДСМ зема од народот и дава на своите Олигарси.

Ние сме должни да се избориме со оваа ненародна власт на СДС, да се погрижиме никогаш повеќе да не се повторат. На Македонија и треба нова власт, власт од народот за народот!

Имајте добро здравје вие и вашата фамилија !

 

 

Колумна на Стевче Антовски, дипл.ел.инж.

Коронавирус