вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 45
home Вести

Колумна на Марјан Ристески: Изборните програми на СДСМ, збрирштина од лаги!

Колумна на Марјан Ристески: Изборните програми на СДСМ, збрирштина од лаги!

ИЗБОРНИТЕ ПРОГРАМИ НА СДСМ, ЗБИРШТИНА ОД ЛАГИ❗️

➡️После 4 години владеење на актуелните градоначалници од СДСМ- нивните изборни програми не се ништо друго освен збирштина од лаги❗️
Ветувања, ветувања… а реализација 0…👎

Mожете да се изначитате напишани гламурозни и помпезни капитални проекти од типот: нови фабрики, затворени базени, гасификации, регионални депонии и преработка на отпадот, пречистителни станици, тунели, зелени архитектури, голф терени, трамвај… ништо чудно и космодром да пронајдеме како ветување…

На вака ветени “амбициозни” програми можат да позавидат и многу побогати општини од државите членки на ЕУ!

👇Звучни имиња на ветени проекти насловени со модерни жаргони, но сето само на хартија (најчесто и препишано), тешко остварливо за реализација… за кои нејасен е изворот на пари , но сепак… “гаранции” дека ќе се реализираат и ќе се сечи лента.

👉 Како што вели народната… “На лагата кратки и се нозете”… на крајот на нивните мандати гледаме само лопати на камен темелници, како да е почеток на нивниот мандат !!!

Од аспект на финансискиот дел на програмите, се доаѓа до “фантастичен” заклучок: во поголемите општини нивните програми тежат повеќе стотици милиони евра, а за град Скопје можеби и неколку милијарди- МАШАЛА… или збирно сите програми, би чинеле колку 50 буџети на и онака презадолжената ни држава од оваа Власт❗️

👉Од ова се гледа дека од СДСМ е изманипулиран гласачот, преку сервирање ноторни лаги како проекти.
⏩Разочарувачки е крајот на мандатот да биде завршен со мизерни 15% реализација, а кај поголем број општини и под 10%‼️

👉После катастрофално оценетите мандати на градоначалниците од СДСМ , произлегуваат неколку клучни прашања за граѓаните:
▪️ дали треба во иднина да препознаваат реални од лажни програми и ветувања❓
▪️дали вакви лажговци од градоначалници треба да водат и понатаму општини❓
▪️…или пак треба да им биде предвреме прекинат мандатот поради малиот процент на реализација на ветените проекти од нивните предизборни програми(да не го трошат неповратно времето на народот)⁉️

Или на кратко: не заслужуваат да водат куќен совет, а во никој случај градови и општини!!

П.С. Камен темелници не можат да бидат лажен бајпас на нивното неработењето во изминатите четири години …ЗАТОА КАЗНАТА ОД НАРОДОТ Е НА ПОВИДОК !!!

Марјан Ристески

ЕУРО 2020

Македонија