понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 100
home Вести

Колумна на Ѓорѓи Илиевски: Неодговорен однос на институции и личности

Колумна на Ѓорѓи Илиевски: Неодговорен однос на институции и личности

 

Како роден дебранец кои долги години работел во Дебар и Центар Жупа во образованието, како наставник, педагог и директор, ми дава за право и загриженост  да пишувам за заболените од коронавирусот (49 лица) меѓу нив и четворица здравствени работници од Дебар.

Она што посебно ме иритира и отворено треба да се согледа и проговори. Каде ни оди  здравствениот систем? Како се опремени здравствените работници? Тие кои херојски и несебично се борат за граѓаните во Дебар и Центар Жупа.

Докторите (моите пријатели) Аголи, Кокале (храбро ја  пребродија пандемијата, им пожелувам добро здравје, за храброста во борбата против пандемијата) на доктор Клопчевски и други доктори кои пристигнаа во Дебар од другите здравствени центри од државата, како и медицинските сестри, кои иако немаа соодветна   заштитна опрема за ова заразна болест храбро ја извршија својата хипократова задача. Се снаоѓаа како знаат и умеат.

Храбро се борат овие здравствени работници без разлика на верската припадност заедно храбро. Во Дебар и Центар Жупа заврши кризната состојба која беше воведена од 13 март. Веќе во Дебар и Центар Жупа од 12-13 април се укина кризната состојаба и на сила се мерките кои важат за цела држава.

На граѓаните на овие општини треба да им се одаде признание за примерноста и дисциплината кои ја спроведуваа по дадените здравствени мерки. Ги храбрам сите здравствени работници во Македонија да  издржат  и да се победи оваа чума. Веќе денес врховниот командант Пендаровски прогласи уште 30 дена вонредна состојба.

Врховниот командант е на мислење да се воведе кризна состојба во Куманово. Јас би рекол час поскоро. Треба да му биде јасно него и на другите надлежни институции деака, доволно говори позитивниот пример на Дебар и Центар Жупа. Градоначалникот на Куманово тоа го бараше повеќе од 10 дена. Да се воведе кризна состојба како во Дебар и Центар Жупа. Но, наместо да им се помогне на кумановчани, се немаше слух од институциите, тука потфрлија и  здравствените авторитети. Во овие моменти наместо здрав разум, преовладува политиканството и примитивната суетност на некои од техничката Влада.

Општината Куманово е во сериозна пандемија, иста е состојбата и со  општина Прилеп, и други градови. Треба серионо да се размисли. Македонската полиција и неговиот технички министер, совесно си ја извршуваат својата задача, како и војската. Војската,  не несмее да се злоупотребува за политички цели како што беше случајот во Прилеп, Куманово, туку за она што е најважно во ова вонредна состојба, грижа за македонскиот граѓанин.

Ги повикувам македонските граѓани да бидат дисциплинирани и да се почитуваат препораките од здравствените експерти. А за владините институци  како се однесуваам одговорно или не, Владата треба да презема конкретни чекори. Веднаш треба да се одважат институциите Народниот правобранител, невладините организации Хелшинскиот комитет за човекови права и други.

Зошто се премолчува и прикрива. Секој живот е важен. Одговорност мора да има, кога се познати препораките на Светската здравствена организација, препораките на Владата, за почитување на полицискиот час одлагање на сите собири, поради чумата Корона вирусот. На потег се одговорните во владата. Дали одговорноста ќе важи за сите еднакво.

На крај, на сите православни христијани им го честитам најголемиот христијански празник. Велигден – Христос воскресе-Вистина воскресе.

 

 

  Ѓорѓи Илиевски- Виш просветен инспектор

Локални избори 2021