четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 51
home Вести

Колумна на Ѓорги Илиевски: Лудории

Колумна на Ѓорги Илиевски: Лудории

Да, ова ни се случува во нашава држава, како што милуваат да кажат премиерот и претседателот на нашава држава. Имињата не им ги знам. Која е нашава држава, срам им е да го кажат името Македонија. Жално и срамно. Претседателот на Република Словенија, при посетата на Македонија, деновиве, со посебна почит отиде да се поклони на гробот на нашиот идеолог стратег на Македонија Гоце Делчев. Ти благодариме. Овие нашиве од нашава држава (Македонија)  се срамат, се плашат, да го спомнат името Македонија. Знам, премиер и претседател на нашата држава, кој што не ви го знам името и презимето, за сравот да не ви  забележи бугарскиот Борисов и македонскиот (се декларира бугарин) изрод Каракачанов, кој треба тој да ве превоспита. Ќе ја цитирам пораката на нашиот македонски идеолог Гоце Делчев: „ Јас не познавам друг народ кој повеќе страда од предавството на своите синови-изроди како македонскиот. Историјата  не памети друг таков пример кога еден народ по традиција, јазик и вера  се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа…“ Прва лудорија.

Втора лудорија. Се формираше старо-новата влада, односно влада на ДУИ и СДС, првиот премиер Грубијановиќ со удирање по неколку шлаканици на струмичкиот Рашкоски, му го покажа патот каде да оди по скали и во амбис. Храбро им кажа на новинарите дека треба да научат албански јазик, како и дека  фирмите кои ќе вработуваат албанци ќе бидат потпомогнати од владата ќе добиваат сунвенции. Ова е од Грубијановиќ. А оној од коалициониот партнер на СДС-мислам се викаше Касами вели: „ двојазичност да се воведе и во приватните фирми за да можат да се вработуваат  Албанци“, види, види колку си ги потценуваат своите Албанци. Срам, па господа „лудаци“ албанците не се малоумни, дали знаете што зборувате, затоа има доста реакции токму од албанците и тоа со право.  Оној од Економија иста мустра, а пак геноцидниот по екологија, рече дека по малце учи македонски, ама вие новинарите кои не го знаете албанскиот јазик  добро е да го научите.  За министерот по информатичко општество да не говорам незаконски од асистент е професор. Тоа е школата на Абаз-воениот командант на ОНА. Како што би рекол народот машала-машала. Додеака министерот  за правда Бојан Маричиќ, изјавува дека: „Ќе се врши прочистување во правосудството, прочистување и деполитизација на судството и обвинителството во првите сто дена, за борба против криминалот и корупцијата…“. За да пред некој ден на прес конференција изјави дека: „… Јавниот обвинител Јовески работи добро…“ Практиката покажува дека судството, како и јавното обвинителство во Република Македонија е корумпирано, зависно од политичките партии на власт, односно подпаѓа под  влијание на извршната власт. Има селективен пристап и не обезбедува правна сигурност и дискриминација на донесените одлуки. Што не е европска обвинителска пракса. Пак ќе ве потсетам како советник на Заев, иако и ви сте учествувале во како што изјавува Зоран Заев дека: „ судството го отворил како пупка“, еве ви го  распупеното  судство и начинот на напредувањето по политички нарачки: судијата Гордана Спиреска определи притвор по барање на СЈО за Сеад Кочан, сега по награда е член на Судскиот совет. Судијата Лидија Трајковска Зимбовска е унапредена на судии во Апелациониот суд Скопје, судијата Ѓоко Ристов е унапреден (политичка награда) во Апелациониот суд Скопје, кој за насилството го опомена Курто Дудуш градоначалникот на Заев од Шутка. Судиите Сафет Кадрии и Цветанка Периќ се унапредени во Врховен суд.

Против судиите во Врховен суд кои одлучуваа за предметот Кочан и тоа: Јово Вангеловски, Ристо Катавеновски, Фаик Арслани, Џемали Саити, Рахилка Стојковска и Ќиро Здравев, има интересна ситуација, судијата Ќиро Здравев е унапреден во претседател   на Судскиот совет, судијата Фаик  Арслани е в.д.Претседател на Врховен суд.

Она што е интересно што за сите овие судии од Врховен суд, Судскиот совет за сите поведе постапка за разрешување но на интересен начин постапката е запрена за унапредените, а разрешени се Вангеловски, Стојковска и Катавеновски, токму така како што Зоран Заев нарачува и се фали по објавена „аудио бомба“. Ова е доказ дека судството е во рацете на политички послушници.

Во ова вторава лудорија да не заборавам, сега министерот Маричиќ, има заменик министер кој изврши образовен криминал на Универзитетот во Тетово, со незаконско унапредување во вонреден професор, како и незаконско земање на парични средства за интелектуални услуги на Универзитетот во Тетово. Тоа е констатирано и од страна на ДКСК, како и од  страна на Управата на финасиската полиција. Земените пари се  вратени од страна на овој заменик министер за правда, и од оној за образование поранешниот Арбер Адеми, кој ќе ја води комисијата за европски прашања. Смешно-трагикомично. Е сега министер Маричиќ заедно со твојот заменик министер ќе се борите против криминалот и корупцијата. Корумпираните ќе се грижат за корупција и криминал за правичност и правна држава. Како што ќе каже твојот премиер од нашата држава „Мало сутра“.

Од Вас очекувам министер и заменик министер за „правда“, да побарате од правосудните органи во Македонија да покренете барање за Хашките случаи, поконкретно,  случајот познат како „Водство на ОНА“, кој беше вратен за да постапуваат по него македонските судски органи. Тоа не значи дека Хаг за македонската јавност е помалку важно од горката реалност како Хашките случаи, всушност се третираат дома од нашиот правосуден систем. А одговорот е никаков. Од формално правно непознати причини и тоа повеќе од десетина години четирите вратени случаи од Хаг, кои требаше да се процедуираат и судат кај нас, не се ниту почнати. Но со децениското непостапување и неотворање на овие случаи остава впечатокот дека некои државни функционери сепак уживаат статус на заштитени бели мечки.

Трета лудорија. Ако се сака да се уништи еден народ или една држава започни од образованието. Тоа се искази уште од Платон.

Жалосно, 40.000 илјади дечиња и повеќе во основното образование немаат елементарни услови да учат.Тоа значи дека се без  комјутери и без интернет. Со право се реакциите во јавноста, како може МОН да издвојува 40 илјади долари годишно и 150 илјади евра или долари годишно  да се даваат на ќерката на Димитров и синот на Локвенец,  и да каже министерката Цароска дека немаат пари да обезбедат за еден таблет од 50 евра за секој ученик. Ова е спротивно на Конвенцијата за правото на детето, која е потписник нашата држава Македонија. Каде што е најважниот интерес на децата, како и борба против дискриминација. Се чудам зошто не реагираат невладините организации во Македонија кои третираат прашања од правата на децата. Дали имаме хуманистичко образование, еднаков пристап кон сите деца во Македонија???.

Четврта лудорија. По мислење на Владата, а со заклучок на Комисијата формирана од Владата, чиј претседател на таа комисија е Грчев, се бара од општина Центар да се руши Порта Македонија и Споменикот на Мајка Тереза. Што да се коментира. Останува само да се молиме за овие лудории на Власта, кои со омраза гледаат се што е изградено од предходната власт. Останува да се помолиме за овие налудничави мислења и заклучоци на Владата.

За другите лудории во друга прилика, ама ова лудорија треба да се спомне, како што е незаконското возење и непочитување на прописите кои го покажаа премиерот од нашата држава, Филипче и оној кој ќе води борба против криминалот и корупцијата Николовски,  заработија прекрошни пријави од по 50 евра. Во нормални држави тие треба да си поднесат оставки од морални причини. Каков е овој пример- Трагикомично??!! Далеку сме од правда и правичност. Лудаци.

Боже прости им незнаат што прават и зборуваат!!!

 

Ѓорги Илиевски

Коронавирус