петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Колумна на Брезовски: Распродажба ма националното рудно богатство

Колумна на Брезовски: Распродажба ма националното рудно богатство

Мермерниот комбинат „Прилеп“ кој е во сопственост на грчка компанија, во 2020 година остварил 20 милиони евра приходи од продажба, со што добивката по оданочување на оваа компанија била 8,3 милиони ЕУР, а концесионерскиот надоместок изнесувал 15.478.735 денари, или околу 250.000 ЕУР што изнесува минорни 3% од добивката од приходи од продажба по оданочување од остварениот приход од 8,3 милиони ЕУР.

Ваквиот загрижувачки податок претставува повод да се анализираат и останатите податоци кои се однесуваат на секторот рударство и вадење на камен со цел да се согледа и утврди обемот и последиците од ваквото управување со националното богатство на државата.

Од 359 фирми во земјава кои плаќаат концесии, во државната каса влегле 8,2 милиони ЕУР од концесиските надоместоци. Овој податок, пак, во јавноста се коментира како бројка која покажува дека националното богатство се дава речиси за бадијала.

Земајќи во предвид дека во предметниот период бројот на издадени концесии за експлоатација на минерални суровини од околу 170, до сегашните 359 (од кои 100-тина во последните 3 години)двојно се зголемиле, а извозот во периодот 2014 до 2018 година од секторот рударство и вадење на камен бележи раст од 56.76% , учеството на клучниот сектор рударство и вадење на камен во БДП не покажува раст односно дури и опаѓа (во 2013 година учествувал со 1,4%, а во 2018 година учествувал со 1,3%)

Обемот на индустриското производство во периодот од 2014 до 2018 година во секторот на вадење на украсен камен и суровини за градежната индустрија исто така расте:

  • Мермер и травертин, бележи раст од 24.68%
  • Камен за градежништвото и алабастер (гипс) бележи раст од 272.77 %
  • Гранит, бележи раст од 45,93 Раст %
  • Гранит, сечен во блокови, бележи раст од 83,05 %
  • Варовнички камен бележи раст од 60,24 %
  • Вулкански туфови бележи раст од 48,03 %

 

Во секторот рударство и вадење на камен заклучно со 2018 вработеноста е зголемена за само 1,7% која воглавно се должи кај зголемување на вработеноста во подсекторот вадење на руди на метал . Подсекторот вадење на други рудии камен забележаа негативни стапки кај вработеноста од 1,7% и 0,4%

Од презентираните статистички податоци за периодот 2014 – 2018 година може да се забележи следното:

  • Бројот на издадени концесии пораснал за 110%
  • Извозот од секторот рударство и вадење на камен бележи раст од 56.76%
  • Обемот на индустриското производство во секторот на вадење на украсен камен и минерални суровини за градежната индустрија расте од 25% до 83%

Но, исто така кога се анализират ефектите во периодот во 2018 година за периодот 2014-2018 година,врз националната економија, може да се видат поразителните податоци во однос на:

  • Вработеноста во подсекторот вадење на други руди бележи пад од 1,7%
  • Вработеноста во подсекторот вадење на камен бележи пад од 0,4%
  • Учеството на секторот рударство и вадење на камен во БДП, бележи пад од 7,1%

Може да се забележи дека позитивните показатели на раст на обемот на производството и извозот, за сметка на двојното зголемување на бројот на издадени концесии за експлоатација на минерални суровини, воопшто или сосема малку придонесува во националната економија. Податоците се поразителни и се доведува во прашање кој има придобивка од тоа и дали државата свесно го распродава националното богатство.

Примерот со Мермерниот комбинат „Прилеп“, кој го полни буџетот на државата со 3% од добивката од приходи од продажба по оданочување треба да биде аларм за отрезнување и итно ревидирање на методологијата на утврдување на концесискиот надоместок со цел заштита на националните интереси.

Ревидирањето на Тарифникот за утврдување на концесискиот надоместок треба да биде приоритет и да се базира на берзанските цени на минералните суровини, цените на истите суровини во регионот, анализа на влијанијата врз животната средина и воведување на принцип на повисоки цени за региони каде има поголеми влијанија врз животната средина,  наместо како што е досега базирано на користење на просторотна која е доделена концесијата и по основ на експлоатирана количина на минералната суровина.

Ваквото ревидирање треба да се извршува два пати годишно, наместо како што е досега,каде од 2007 година не е извршена промена во делот на неметалични суровини, а од 2012 во делот на металични суровини.

Факт е дека планирањето на просторот за доделување на концесии за експлоатација на минерални суровини изостанува. Низ одредени региони може да се забележи непланско доделување на концесии за рудници, особено за експлоатација на варовник за градежната индустрија каде се гледа целосно нарушување на пределот и аспектите на животната средина, без да се води сметка за густината на населението и близината на населбите. Оваа практика има длабока коруптивна позадина и свесното игнонирање на Просторниот план на Р.Македонија. Истата е водена од личен, партиски и криминален интерес, а за сметка на тоа најчесто концесионерите остануваат и без приходи заради фактот што поради прекубројноста на концесиите на мал простор немаат рентабилно работење и најчесто пропаѓаат, а позади себе оставаат уништени предели кои остануваат како пример за неспособноста на институциите на системот и криминалното владеење на коалицијата на чело со СДС.

Секторот рударство и минерални суровни заслужува вистински правилен развој во иднидна!

 

Дипл.инг Александар Брезовски

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус