среда, 2. декември 2020. Вести денес: 46
home Вести

Колумна: КРАЈНО ВРЕМЕ Е ДА СЕ ЛОЦИРА ОДГОВОРНОСТА СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ !

Колумна: КРАЈНО ВРЕМЕ Е ДА СЕ ЛОЦИРА ОДГОВОРНОСТА СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ !

КРАЈНО ВРЕМЕ Е ДА СЕ ЛОЦИРА ОДГОВОРНОСТА СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ !

Во Македонија постојат закони и сакала власта или не, истите треба да се имплементираат како што е пропишано.
Македонија мора што поскоро да се врати на вистинските патеки кои значат почитување на правото и правната држава.
Веројатно многумина се информирани дека постои закон за безбедност и здравје при работа. Но, прашањето е зошто во моментов истиот не се применува!?

Дали поради тоа што ќе даде одговори на многу прашања, кои власта не сака да бидат јавно презентирани или поради тоа што ќе биде точно лоцирана одговорноста, кој тоа и на кој начин има обврска да ги заштити вработените, во јавните и приватни институции, вклучително оние кои се нај повеќе изложени на здравствен ризик(здравствените работници)!?
Овој закон треба да биде буквар и дословно да се спроведува и во нормални услови, а уште повеќе во ситуации како што е актуелната пандемија, предизвикана од вирусот SARS CoV 2 (заразно заболување).

Одиме по ред, анализирајќи одредби од законот:
-Во чл.5 и чл.9 од законот, точно е наведено дека работодавачите ( читај во понатамошниот текст надлежните власи, Зоран,Оливер,Венко,Мила…) имаат обврска да обезбедат безбедност и здравје при работа на своите вработени од секој аспект, вклучувајќи и лична заштитна опрема за работа, како и упатства, известувања за вработените.
Зошто ова не е спроведено секаде!?
-Во чл.11 се вели дека доколку се променат условите или се појави нова опасност на работното место и средина, надлежните власти мора да изготват и спроведат нова изјава за безбедност (задолжително е да има изјава за безбедност), прецизирајќи го начинот и мерките кои треба да се превземат.
Постојат ли изјави за безбедност, зошто не!?
-Членот 13 од законот налага надлежните власти да ги консултираат вработените или преставници на вработените или синдикатот, при секое планирање и набавка на заштитна опрема.
Ги консултираше ли некој вработените, за тоа што им е потребно,да се заштитат себеси?
-Членот 16 од законот налага, дека обезбедувањето на мерките за безбедност и здравје при работа, не смее да преставува финансиска обврска на вработените.
Ги праша ли некој здравствените работници колку ги чинеше заштитната опрема која мораа сами да си ја набават и платат од сопствен џеп!? Одговорност!?
-Во чл.17 се вели дека во секоја институција мора да има назначено едно или повеќе стручни лица за безбедност при работа и да има ангажирано овластена здравствена установа.
Се спроведува ли овој член од законот?
-Во чл.28 и чл.30 се наведува начинот на кој се избира преставник на работниците за безбедност и здравје во секоја институција и се дефинирани неговите права.
Функционира ли оваа одредба во некоја институција?
-Во чл.31 се обврзуваат надлежните власти да обезбедат соодветни обуки за здравје и безбедност при работа, во услови кога има промена на нивото на безбедност и здравје при работа.
Зошто не се организираа вакви обуки?
-Во чл.38 и чл.39 се пропишани одредени права на вработените, да можат истите да даваат свое мислење,предлози, сугестии за безбедноста и здравјето при работа, како и истите да добијат лична заштитна опрема за работа, без која не би требало да функционираат.
Го слуша ли некој гласот на вработените и нивните потреби поврзани со личната безбедност!?
-Во чл.40 се вели дека вработениот меѓу другото, може да работи во услови на зголемена опасност при работа со болни од заразни заболувања, само врз основ на процена на овластена здравствена установа (овластена од министер).
Направена ли е некаде ваква процена?
-Во чл.42 се вели дека вработениот може да побара интервенција од надлежниот инспекторат за труд, доколку процени дека не се испочитувани мерките за безбедност на неговото работно место.
Реагираше ли инспекторатот за труд на јавните објави на социјални мрежи, на луѓе кои укажуваат дека не се заштитени на нивните работни места и немаат соодветна заштитна опрема?
-Членот 43 и 44 од законот, налага формирање од страна на владата на Совет на безбедност и здравје при работа, кој го сочинуваат 15 члена и истите се платени од буџет(од граѓаните).
Што добија граѓаните за возврат од тој совет, кој го сочинува, функционира ли навистина, постои ли?
Многу прашања на кои власта треба итно да даде одговор.
За секое не почитување на се погоре наведено, во законот се предвидени и прекршочни казни, глоба од 1000 до 8000 евра во денарска против вредност, за правните субјекти.
Некој треба прекршочно да одговара!?
Ова е закон, ова се факти!
Не смее и не треба да бидат премолчени!
Јавно прашуваме зошто не се спроведува законот?
Одговори и одговорност мора да има!

Марија Андоновска

Коронавирус