недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 76
home Вести

Колумна: БРИШЕЊЕТО НА СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ – ПРИОРИТЕТ БРОЈ ЕДЕН ЗА ОПШТИНА КАРПОШ !?

Колумна: БРИШЕЊЕТО НА СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ – ПРИОРИТЕТ БРОЈ ЕДЕН ЗА ОПШТИНА КАРПОШ !?

Следејќи го „блескавиот урнек“ од градоначалникот на Крива Паланка, сега и секретарот на општина Карпош (по насока од генералниот секретаријат на владата) се дрзнал да испрати допис (па дури со точно одреден рок) до Урбаните и месните заедници, уште веднаш да пратат по 5 вработени на терен и тоа замислете – за да ја контролираат состојбата со симболот Сонце на Кутлеш и веднаш после увидот, да испратат листа на локации!

Во општина Карпош која има нула реализација на проекти, во општина Карпош каде што дивее урбаната мафија, а згради се уцртуваат на секоја зелена површина, каде секоја барака стана мини зграда и во општина Карпош каде дупови се носеа и за време на празници, каде рекетари присуствува на јавни презентации и тепаа граѓани, во општина Карпош која нема пари за ништо, освен за вработување на пулените на власта…се испостави дека приоритет број еден било отстранувањето на Сонцето од Кутлеш!!!???

После цело време седење со скрстени раце, дали со бришењето на Сонцето од Кутлеш ќе им се го подобри животот на граѓаните? Дали со овој потег воздухот што го дишат ќе им биде почист? Дали тоа ќе им донесе нови проекти и реални вработувања? Дали ќе ја сопре урбаната мафија? Дали бришењето на Сонцето ќе ги искорени непродуктивните трошоци и енормните задолжувања на општината за сметка на вработувањата на пулените на власта…?

Наместо како што беше ветено: власта да го зајакне влијанието на месните заедници и истите да добијат дефиниран правен статус, печати и право на одлучување, наместо централната власт да ги пренесе надлежностите колку што е можно поблиску до граѓаните, да се врати моќта на месните и урбаните заедници и истите да бидат опремени со канцеларии и технички услови…наместо да се одржуваат планираните собири на граѓани на кои одлуките требаше да се носат внимателно и заедно со граѓаните да се креираат реални буџети, а градоначалниците да бидат сервис и слуги на граѓаните и да го работат она што од нив ќе го побараат граѓаните….граѓаните го дочекаа она што нималку не го подобрува нивниот живот – брусење на Сонцето од Кутлеш од шахтите и јавните површини!

Кога власта би била до олку ажурна во спроведувањето на насоките за развој и унапредување на животот во локалните самоуправи, ние навистина би блескале!

Но, дефинитивно, со оваа власт само на едно прашање одговорот е секогаш потврден: Може ли да биде полошо?!

 

Лидија Петкоска

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус