петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 215
home Вести

Коловозите влажни, можни одрони кај клисурите

Коловозите влажни, можни одрони кај клисурите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На патните правци надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информира АМСМ.

Поради влажноста на коловозите се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково. (МИА)

Коронавирус