недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Колони возила со македонски знамиња: Граѓаните на Пробиштип бараат оставка од Владата

Колони возила со македонски знамиња: Граѓаните на Пробиштип бараат оставка од Владата

Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ вечерва беше во Пробиштип.

„Граѓаните беа на нозе и покрај лошото време и дождот. Колони возила со македонски знамиња. И од Пробиштип порачав дека доколку се случи потпишување на некој лист хартија со кој ќе менува историјата и идентитетот на македонскиот народ веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе биде поништено и нема да се почитува. Не може Владо Бучковски да биде тој кој ќе го менува минатото, патем го слушнавме во бугарските медиуми како гордо го кажува она што сакаат да го слушнат нашите соседи. Затоа во една ваква ситуација на нас ни останува отпорот, протестите и улицата“, истакна таа.

Пешевска порача: „Нека се веат знамињата и нека се извикува и пее за Македонија. Така до крај до оставка на владата за слобода на народот“.

Коронавирус