сабота, 17. август 2019. Вести денес: 76
home Вести

Колку ви е полош шефот толку е поголем ризикот да добиете срцев удар

Колку ви е полош шефот толку е поголем ризикот да добиете срцев удар

Околу 400.000 американски работници од сите профили биле опфатени во истражувањето со наслов „Довербата на работното место и ризикот од кардиоваскуларни заболувања”.

Резултатите потврдуваат „ако имате неподнослив шеф, имате и поголеми шанси за срцев удар“.

Можеби поедноставено е толкувањето на трудот објавен во Меѓународниот дневник за истражување на животната средина и здравјето, од Швајцарија, кое посочува дека лошата работа е поврзана со срцевите заболувања.

Најчести причинители за проблемите со срцето се цигарите, нездравата исхрана, алкохолот, но и стресот и психичкото малтретирање.

Па така, луѓето кои не му веруваат на својот шеф имаат поголема веројатност да посегнат кон цигарите и се поизложени на опасност од висок крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта. Под недостаток на доверба во деловниот однос се подразбира состојба во која „не може да има взаемно разбирање, искреност и почит меѓу претпоставениот и подредениот”, се вели во написот.

Значи, ако имате шеф кој не ве почитува, се изложувате на ризик од кардиоваскуларни болести, кои се најчеста причина за смрт во светот.