вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 203
home Вести

Колку пари потрошија кандидатите во првата половина од изборната кампања

Колку пари потрошија кандидатите во првата половина од изборната кампања

Во првата половина од изборната кампања, Стево Пендаровски потрошил 480 илјади евра, а Блерим Река 25 илјади евра. Ова го покажуваат нивните финансиски извештаи, објавени од Антикорупциската комисија, пренесува Телма. Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска вели дека Гордана Силјановска-Давкова не доставила извештај до истекот на рокот, но оставаат можност да е испратен на време – но по пошта, што значи дека може да дојде и со три дена задоцнување. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вели дека извештајот е испратен до сите надлежни институции со препорачана пошта.

Блерим Река има приход од донации во износ од 18 илјади евра. Главно се донации од БЕСА и од Алијансата за албанците, кои застанаа зад неговата кандидатура. Членовите на СДСМ, преку нивните членарини, донирале за Стево Пендаровски 163 илјади евра, а околу 3 илјади уплатиле поединечни физички лица. Вкупните приходи за изборната кампања заклучно со 10-ти април се 504 илјади евра, а на транскациска сметка, 162 илјади. Се трошеле за платено политичко рекламирање во медиумите, за банери, за закуп на простор, за комуникациски, транспортни, но и за интелектуални услуги. Пендаровски има вкупни расходи од 485 илјади евра, односно 145 илјади евра расход на трансакциската сметка.

Во Државната изборна комисија тврдат дека сите законски рокови се запазени и дека сите партии и кандидати го испочитувале рокот за да достават извештај за првите 10 дена на 11-от ден од кампањата. До понеделник, ќе бидат исплатени и трошоците на медиумите.

На овие избори за прв пат државата ја покрива медиумската кампања на кандидатите. Исплатата се реализира преку ДИК, со претходни извештаи на телевизиите, печатените и електроснките медиуми како и на Агенцијата за медиуми. Во кампањата, претседателските кандидати имаат право да потрошат максимум 110 денари по запишан избирач, односно, секој кандидат по речиси 3,3 милиони евра.

Коронавирус