среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 82
home Вести

Колку македонски граѓани се вакцинирани со прва и втора доза, а колкумина ја примиле и третата?

Колку македонски граѓани се вакцинирани со прва и втора доза, а колкумина ја примиле и третата?

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.434 дози вакцини, од кои 1.268 се аплицирани како прва доза, 1.021 се ревакцинирани, а 2.145 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 26 ноември вкупно се вакцинирани 828.770 граѓани, ревакцинирани се 794.666, а трета доза примиле 70.937 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од МЗ.

Коронавирус