понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 79
home Вести

Колкав е бројот за заболени од коронавирус кој се лекуваат на инфективните оделенија во Македонија

Колкав е бројот за заболени од коронавирус кој се лекуваат на инфективните оделенија во Македонија

Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на вирусот Ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во останатите болници низ земјава е 1012, а има околу 750 слободни болнички кревети во ковид центрите, информира Министерството за здравство.

Во изминатото деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. На инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 435 лица сомнителни или потврдени за Ковид-19.

Како што соопшти МЗ, во последното деноноќие, на интерните и хируршки клиники имало 13 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и девет билe примени на Инфективната клиника. Во Козле бил примен еден болен, a на Клиниката за детски болести имало шест приеми. На Институтот за физикална медицина немало примени пациенти.

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти.

-Во моментов во ковид центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 150 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 128 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 124 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Клиниката за детски болести има две деца позитивни на ковид 19 вирусот и две мајки, а на ГАК има три позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 13 болни, соопшти Министерството за здравство.

Голем дел од пациентите кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град се на кислородна поддршка.

-Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 08:00 часот имало 311 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.

На територијата на цела држава во моментов се лекуваат 577 пациенти на инфективните одделенија.

Според податоците на Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 72 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 77 болни, а во Куманово 68 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 48, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 60 пациенти, во Кочани 22 во Кичево 15, Кавадарци 30, а во Гевгелија седум лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, се наведува во соопштението од Министерството и додаваат дека доколку има потреба капацитетот на одделенијата ќе биде дополнитело проширен.

ЕУРО 2020

Македонија