сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

Колариќ: Шилегов идентитетски го обезличува градот, дали зад тоа се крие намерата за полнење на буџетот при промена на адреси и тендер за табли и знаци?

Колариќ: Шилегов идентитетски го обезличува градот, дали зад тоа се крие намерата за полнење на буџетот при промена на адреси и тендер за табли и знаци?

Петре Шилегов продолжува да си ги наметнува сопствените фрустрации врз Скопје. Шилегов нема направено ниту еден значаен проект цели 4 години. Затоа што нема проект по кој ќе го памтат скопјани, Шилегов сака да биде запаметен по смена на идентитетот на градот, порачува Светлана Колариќ, советничка на ВМРО-ДПМНЕ со Град Скопје.

-Петре Шилегов идентитетски го обезличува Скопје, ќе менува имиња на улици како Киро Глигоров, а ќе именува улици по Алија Изетбеговиќ, негов современик. Што е ова ако не апсурд и идентитетско обезличување. Шилегов ќе ги смени имињата на улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Васил Чакаларов“, а ќе именува улици по „Лав Троцки“, „Комаров“ и други комунисти. Со Шилегов Скопје повеќе налукува како Москва од 60 тите години на минатиот век, а не како модерна европска метропола. Шилегов за да го обезличи Скопје фингираше јавна расправа, што е еднакво на немање расправа, истакна таа.

Порачува: Оттука, ВМРО-ДПМНЕ бара поништување на вчера донесената листа на имиња и вклучување на стручната јавност во една широка јавна расправа каде ќе бидат вклучени значајни авторитети, Институтот за историја, невладиниот сектор и други релевантни чинители.

-Нема да дозволиме насилна промена на имињата на улиците. Насилната промена на имињата на улиците ќе има финансиска импликација за граѓаните, а особено за бизнис секторот, кои ќе треба да менуваат адреси на низ неколку институции. Дополнително градот ќе има огромен финансиски трошок за менување на таблите на улиците, како и знаците, тоа е уште еден камен за буџетот, а уште еден можеби тендер за Шилегов. Дали токму тендерот за знаците и таблите и парите кои државата треба да ги инкасира за промена на документациите на фирмите и граѓаните се главната причина за промена на имињата? Кој треба да се „офајди“ од оваа зделка? Шилегов чекаме одговори, порача таа.

Коронавирус