понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 147
Во живо

Обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на нацијата

home Вести

Колариќ: СДСМ предизборно врши поткуп со инвертори, откако зимата речиси помина, а граѓаните си обезбедија греење

Колариќ: СДСМ предизборно врши поткуп со  инвертори, откако зимата речиси помина, а граѓаните си обезбедија греење

Откако зимата речиси помина, а домаќинствата си обезбедија начин на греење во септември, му текна на Социјал Демократскиот Сојуз на дрзок и безидеен начин да врши поткуп на гласови во предизборен период – субвенции за инвертори со цел продолжување на политичката кариера на Заев, Макрадули и Шилегов! Борбата на Владата со загадувањето ќе била преку 100 % субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертор во вредност од илјада евра, Всушност ова е и прва лага ако ја погледнеме пазарната цената на инвертор клими која се движи од 660 до 2500 евра, изјави на денешната прес-конференција советничката во Советот на Град Скопје Светлана Колариќ.

КОлариќ додаде дека милиони народни пари ќе потрошат во предизборно едноумие, преку избрзани програми подготвени без учество на стручни лица, без примена на научно истражувачки студии, невладини организации, се со цел за да се обидат да опстанат и да продолжат со неуспехот во борбата за намалување на загадувањето, арамилукот, рекетот и уцените.

-Инверторите почитувани ќе трошат струја од РЕК Битола и Осломеј кои се знаеме најголеми загадувачи, а сметката за струја ќе се зголеми за најмалку од 4.500 до 6.000 денари, исто така може да се затоплуваат само отворени простории при екстремни температури, плус семејствата ќе имаа дополнителни трошоци за вградување на системот но понатаму и за одржување на истиот, рече Колариќ.

Граѓаните ќе треба да ги предадат старите печки на дрва една или повеќе во кои можеби инвестирале многу повеќе од колку што вреди инверторот. Колку сте сигурни дека за неколку години нема повторно да се вратат на стариот систем на греење? Велите ќе вршите контрола дали инверторот наменски се користи во период од две години, овој период е многу краток ако се земе во предвид дека контролата треба да се врши само во зимскиот период, вели таа.

Каде ќе заврши отпадот од старото железо од печките? Колку ќе бидат сигурни граѓаните дека ќе ги повратат вложените средства? Зошто сред сезона на греење се објавува јавниот повик токму пред предвремените избори? Колку ќе се намали загадувањето кога повикот важи за цело Скопје ако се земе во предвид дека има огромни разлики помеѓу квалитетот воздухот кој го дишат граѓаните кои што живеат во Лисиче и граѓаните кои живеат во околните места од Скопје, прашува советичката во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ.

ВМРО ДПМНЕ бара да се сторнираат сите избрзани програми кои ги правевте за два дена, да ја повикате стручната и експертска јавност, да ги повикате невладините организации и милионите евра да се вложат во мерка која ќе даде ефект во борбата против загаден воздух, додаде Колариќ.

Веднаш по формирањето на новата влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи преку ефективно-ефикасна мерка граѓаните да добијат пристап до вистински еколошки, одржлив, функционален и економичен ресурс, истакна таа.

На 12 април завршува времето поткуп на и времето на лаги!, порача Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус