петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Колариќ: Откако седнаа во фотелји за СДСМ повеќе нема радиоактивен воздух од индустриските објекти туку загадувачи се домаќинствата

Колариќ: Откако седнаа во фотелји за СДСМ повеќе нема радиоактивен воздух од индустриските објекти туку загадувачи се домаќинствата

Пред да седнат во фотелја викаа дека скопјани дишат радиоактивен воздух и дека индустриските објекти се тие кои што нели загадуваа, а сега одеднаш велат дека домаќинствата се тие кои го загадуваат воздухот, изјави во дебатната емисија „И што сега“ на МТВ, Светлана Колариќ, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Скопје.

-Владата во програмата вели дека ќе го намали загадувањето во Скопје за 50%, а сега треба да кажат фала што имаме денови на ветар, сонце и да го молиме бога да продолжи вака времето, истакна Колариќ.

Таа посочи дека во претходната влада се направи стратегиска рамка и акциски план за здравје и животна средина за 5 години во кој што прво и основно беше прилагодување на ЕУ правото, но тој документ е оставен некаде во фиоките на постоечката влада, а за сметка на тоа е извадена некоја кратка програма за намалување на аерозагадувањето.

-Нас ни треба една национална стратегија која што ќе го оправда поглавјето 27 за Европската Унија, меѓутоа државата со издвојување на многу малку пари верувајте дека ништо да постигне. Ниту ќе го зголеми ефектот. Прашајте ја научната фела која што ги прегледува дечињата и го следи здравјето на граѓаните и во град Скопје и во државата ќе видите дека заклучокот е се фрлаат пари но за жал морбидитетот и морталитет растат. Тоа треба да не загрижи сите, потенцираше Колариќ

Коронавирус