недела, 5. јули 2020. Вести денес: 139
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Колариќ: Изјавата на Шилегов “ќе направиме”значи дека сите мерки за намалување на загадувањето се веќе паднати во вода

Колариќ: Изјавата на Шилегов “ќе направиме”значи дека сите мерки за намалување на загадувањето се веќе паднати во вода

Сите мерки што ги спомна градоначалникот Петре Шилегов се во насока “ќе направиме” – тоа значи дека сите мерки што се спомнати се паднати во вода, изјави Светлана Колариќ, советник во градскиот совет од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во денешната емисија “Детектор” на Сител телевизија.

За проблемот со загадувањето и кои се причините за загадениот воздух и што да се стори за граѓаните да имаат почиста животна средна, таа рече дека како е можно тоа кога за животна средина е скратен буџетот за разлика од претходната година за околу 100 милиони денари и додаде дека дефинитивно загадувањето не е работа на градоначалник на град Скопје или на советник, туку е прашање за министерот Јани Макрадули.

Таа јавно праша каде е министерот за животна средина кој е најодговорен и активно да се вклучи во решавањето на овој горчлив проблем.

-И Светската здравствена организација потврди дека во Скопје годишно од загадувањето умираат 1200 луѓе. Поради политиканство, пред неколку години членовите на СДСМ и Шилегов шетаа со медицински маски, а сега немаат конкретно решение за проблемот со загадувањето, рече Колариќ.

Парламентарни избори 2020