четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

Колариќ: Четири години мрзливиот Шилегов не изгради ниту еден капитален проект, сега на три месеци пред избори мачка очи на јавноста

Колариќ: Четири години мрзливиот Шилегов не изгради ниту еден капитален проект, сега на три месеци пред избори мачка очи на јавноста

Десет и триесет часот, работниците ги нема, а машините стојат. Четири години замачкување на очи на скопјани, без ниту еден капитален проект, само лажни ветувања од страна на неработникот Шилегов, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

-Шилегов за 4 години не изгради ниту еден булевар, а сега 3 месеца пред завршување на мандатот се сети за довршување на булеварот Борис Трајковски кој не му беше ниту предвиден во Буџетот за 2021 година и децидно велеше дека нема да го прави. Наместо вчера Шилегов да се слика за отпочнување на последната фаза од булеварот Борис Трајковски, Шилегов требаше да се слика за завршен булевар Борис Трајковски. Петре Шилегов во 2017-та година наследи готов проект за довршување на овој булевар. Готов проект кој мрзливиот Шилегов требаше само да го реализира. На 21.06.2021 година потпишува договор со градежна фирма, а машините пристигнати 5 дена порано. Тендер без спроведена аукција и со ограничени услови. Иако вчера се сликаше за отпочнување на градежни активности, градската администрација на чело со Шилегов сеуште не ја заврши експропријацијата на имотите на жителите на трасата која треба да се гради, вели Колариќ.

Таа го прашува Шилегов, кога ќе ги решите имотно-правните работи на овие жители?

-Дали знае градоначалникот Шилегов колку сообраќајни несреќи се случија на овој дел од булеварот последните четири години? Дали знаете колку коли се искршија по дупките на ова место? Но, на градоначалникот на Скопје не му беше гајле за проблемите на овие жители, а не се малку околу 70,000 жители гравитираат на овој дел од градот. На Шилегов му беа битни тендерите за клупи од 29 илјади денари, скала од 1.7 милиони евра, жардињерии од 60 илјади денари, партиски вработувања, распродажба на градски имот и сега повторно сеење предизборна магла и лажни ветувања. Наместо да работи, Шилегов целиот мандат го помина во делење и нарачки на тендери. Петре Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Град Скопје. Шилегов не работи за скопјани. Шилегов работи за себе и за блиските луѓе околу него. Дајте почитувани граѓани да ставиме крај на поделбите од страна на СДСМ и Зоран Заев, не смее да има граѓани од прв и од втор ред. Македонија е за сите луѓе, вели Колариќ.

Коронавирус