петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Која е заслугата на Николовски за добивање плакета од Единицата за специјани задачи Тигар?

Која е заслугата на Николовски за добивање плакета од Единицата за специјани задачи Тигар?

Во кое својство и за што добил плакета од страна на командирот на Единицата за специјални задачи Тигар, се само дел од прашањата кои се поставуваат, откако вчера на социјалната мрежа Фејсбук, објавувајќи фотографии, се пофали вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николовски.

„Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ е нашата најсовремена професионална формација, обучена и подготвена за секој предизвик. Нејзините припадници секојдневно даваат придонес за македонската национална безбедност, за борба против високиот криминал, против тероризмот и екстремизмот. Денеска, заедно со домаќинот, министерот Оливер Спасовски, бевме во работна посета на оваа единица, по повод неодамнешното одбележување на 40-годишнината од формирањето. Она што радува е мотивираноста и професионализмот на сите нејзини припадници. Политиките на оваа Влада допринесоа значително да се подобрат условите за беспрекорно функционирање на Специјалната единица „Тигар“. Дополнително подобрување ќе биде постигнато со тековната преадаптација и реконструкција на уште еден објект, локациски сместен во Касарната „Илинден“, кој со Одлука на Владата е преземен од Министерството за одбрана. Плакетата што ми беше врачена денеска од страна на командатот на единицата „Тигар“ особено ми значи. Ја имате моја поддршка за се’ што работите“, напиша Николовски.

Имено, 40 години од своето постоење Специјалната антитерористичка единица Тигар го прослави уште на 13 март минатиот месец, но Николовски поради годишен одмор во Дубаи не присуствуваше на истата, со што и ја пропушти можноста да биде фотографиран и награден.

Но, се се може, ако доволно се сака и се разбира ако во прашање е некој висок владин функционер.

Па така граѓаните коментираат дека во ден кога Македонија брои се повеќе новозаразени, како и дека бројот на починати од корона вирус рапидно расте, Николовски нашол време да се шета по институциите, што се добива еден впечаток дека власта навистина не знае што прави, а високите партиски функционери наместо да го работат она што им е работна обврска се фалат со некакви успеси за кои воопшто не се заслужни.

Згора на ова, на фотографиите се забележува дека бил присутен и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на кој пред само 4 дена му се случи огромен скандал во МВР, за кој најпрво обелодени лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за издавање на пасоши со лажен идентитет на наркобосови и водачи на кланови на странски земји, па наместо да ја бара главата на октоподот во овој скандал, тој заедно со Николовски и директорот на БЈБ Сашо Тасевски се шетаат низ институциите.

Она што е нејасно е која е заслугата на Николовски да му биде доделена плакета и што тој од позиција на вицепремиер за борба против корупцијата направил за Специјалната Антитерористичка единица Тигар.

Не смее да се занемари фактот дека на прославата на 40 години од постоење не беа присутни голем број на лица со долгогодишно искуство, но и многу роднини на загинатите припадницо на ЕСЗ, но и дека голем број на припадници на оваа единица изминатите изминатите 2 години се предмет на реваншизам и преместување на пониски работни задачи од страна на надлежните бидејќи како што пишуваа медиумите реагирале на одлуката заменик командир на ЕСЗ да биде поставен Албанец, па откако првите луѓе на МВР се откажале од оваа одлука почнале притисоците врз нив.

Упатените со кои разговаравме сметаат дека ова е целосно потфрлање на ПИ-арот на Николовски, но јасен показател дека владините функционери кои се поставени на високи јавни функции наместо да ги извршуваат своите надлежности и работни обврски и задачи, работното време го користат на шетање и за фалење со работи за кои не се воопшто заслужни.

За да добиете одредено признание или плакета, посебно од една таква единица како што е Специјалната антитерористичка единица Тигар мора да имате заслуга и огромен придонес во самата единица. Но, ова што го направил командирот Митко Даневски е тотален промашај, но и потценување на лицата припадници на оваа единица, кои речиси со 20 годишно искуство, напор и докажување до сега не сме слушнале да добијат никакво признание, а со што заслужил вицепремиерот Николовски да добие е нејасно, имајќи во предвид дека тој не се докажал во својот сектор со борба со корупцијата, а не пак во борба со тероризмот, за безбедноста на државата, како и борба против високиот криминал, велат тие.

Коронавирус