недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Која е логиката, ако се функционални 10 милиони евра само од ваучерите, државата да го спасува спортот?

Која е логиката, ако се функционални 10 милиони евра само од ваучерите, државата да го спасува спортот?

Директорот на АМС конечно се произнесе за некое наше тврдење и излезе со демант во врска со постот за ваучерскиот систем во спортот, велат од Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:

Ова е прв пат Каевски да не демантира па логично е да поставиме неколку прашања?

1. Дали до него се стасани примедби од федерации и клубови, како што стасаа до нас, дека во УЈП се одбиени нивните ваучери?

2. Ако “ваучерите” се функционални, зошто тогаш се подготвуваат “мерки за спас” на спортот (нив ќе ги коментираме кога уредбата на владата ќе стапи на сила).

3. Која е логиката, ако се функционални 10 мил. € само од ваучерите, државата да го “спасува” спортот и зошто?

4. Каков е приливот на средства од игрите на среќа и електронските казина за првите 3 месеци од 2020 и која динамика на полнење ја очекувате до крајот на годината по овој основ?

5. Дали се што претходно премолче, а ние како комисија го објавивме во изминатите месеци е вистина?

– екскурзии на државен трошок во Хрватска 2018 и Австрија 2020.
– злоупотреба на средствата од Европската недела на спортот за исплата на партиската војска на СДММ.
– Вонзаконска исплата на средства кон здруженија без законски основ.
– злоупотреба на службените картички за партиски цели.
– Пропаднати 4 милиони € за капитални инвестици во спортот.
– Ниедна завршена капитална инвестиција за 3 години.

Почитувани спортисти, спортски клубови и спортски федерации.

На сите ни е јасна состојбата во нашиот спорт. Спортот ќе биде најсилно погоден од оваа криза и ако нешто ИТНО не се превземе, последиците ќе бидат долгорочни и далекусежни. Потребна е редистрибуција на постоечките буџетски средства на АМС и конкретна помош пред се на спортистите и клубовите.  Ги очекуваме мерките од АМС и спремни сме, заедно да работиме за доброто на спортот. Спортски поздрав, велат од Комисијата.

Коронавирус