петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 148
home Вести

Кој влијае и врши притисок врз судиите и членовите на Судски совет?

Кој влијае и врши притисок врз судиите и членовите на Судски совет?

Денеска на седницата на Судскиот совет требаше да се изберат шест судии од 96 кандидати кои што имаат аплицирано за судии во Апелациониот суд, но седницата беше одложена на неодредено.

sdk.mk пренесе дека се случувала вистинска драма и паника, членовите на советот постојано добивале телефонски повици и се групирале по канцеларии за на крај сите да отидат кај претседателот на Судскиот совет Киро Здравев, а меѓу нив бил и в.д претседателот на Врховниот суд Фаик Арслани.

Евидентно е дека постоеле притисоци врз членовите на Судскиот совет за изборот на судии за Апелациониот суд, затоа што координација меѓу нив постоела на истата седница за да се избере екс претседателот на ДИК Александар Чичаковски за судија во Управниот суд, кој што воедно беше 30-ти на листата на пријавени, а беше избран на предлог на Гордана Спиреска која што заклучила дека со телевизиските настапи на директорот би бил соодветен и добар судија на Управен суд.

Исто така на истата седница постоела координација меѓу членовите за избор за судија на Управен суд за судијката Елеонора Ајро која што е сопруга на обвинителот на екс СЈО обвинителот Артан Ајро и снаа на поранешниот член на судскиот совет Неџат Ајро.

Контрадикторности има и во медиумите и на социјалните мрежи и за изборот на судијката Исмета Амет, која што учествуваше во донесувањето на судската одлука за случајот за избирачкото место 2011 во Теарце, која што како што велат била последна во резултатите на Академија за судии и јавни обвинители и била ставена во група за обвинители, но сепак Судскиот совет одлучи да и даде место како судија во Вишиот Управен суд.

Останува неодговорено прашањето кој тоа денеска вршеше толку голем притисок врз членовите на Судскиот совет за изборот на судиите за Апелација. Министерката за правда Рената Дескоска иако нема право на глас, денеска не се појави на седницата за избор во Судскиот совет.

Да се потсетиме дека ова не е прв пат да се влијае врз судството и да се притискаат членови на Судскиот совет. Пред неполни два месеци премиерот Заев призна на социјалните мрежи дека разговарал со градоначаникот на Сарај, и поранешен министер за правда, а во врска со судски одлуки и однесувањето на членовите на Судскиот совет избрани од парламентот. Беџети предходно изјави дека премиерот побарал од него да влијае врз членови на судскиот совет за да се смени еден претседател на суд.

Коронавирус