среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Кој стои зад НБРМ: Народна банка го контролира и текот на стечајот на Еуростандард банка за да го прикрие криминалот

Кој стои зад НБРМ: Народна банка го контролира и текот на стечајот на Еуростандард банка за да го прикрие криминалот

За да ги сокрие трагите на парите и криминалот направен во Еуростандард банка, Народната банка го контролира и текот на стечајот на банката, тврди еден од сопствениците на Еуростандард банка, Трифун Костовски.

Во колумна за порталот Либертас Костовски пишува дека НБРМ банка е влезена во Одборот на доверители при стечајот на Еуростандард банка.

-Прашувам – што бара Народна банка да биде во Одборот на доверители? Почитувани, одговорот е еден, нема други причини, освен да се контролира севкупниот тек на стечајот во банката. Доказ за оваа моја констатација е фактот што извештајот изготвен од стечајниот управител Душко Тодевски е копија на истиот од Народна банка што го пласираше во времето кога ја однесе банката во стечај. Народна банка не сака да остави ништо на случајот и во дадениот момент се јавува како тотален егзекутор на Еуростандард банка – вели Костовски.

Кој стои зад Народната банка?

-Тенденциозноста е од невидени размери, а целта не е само да се убие Еуростандард банка како правен субјект, туку и да се скрие трагата на парите. Стечајниот управител одговара само пред судијата кој го назначил, но повеќе од индикативно е дека севкупната контрола на ЕСБ во постапката на стечај се врши од Народна банка – вели тој.

Костовски, како што вели, ги поддршува физичките и правните лица оштетени од стечајот на Еуростандард банка во нивното барање за изземање на Фондот за исплата на штедни влогови од стечајната маса на банката.

-Сосема легитимно и на место е, бидејќи тие имаат првенство при наплатата од стечајната маса. Нема потреба од создавање на финансиски фондови ако тие не бидат наменети за граѓаните или пак законодавецот смета дека ЕСБ не е последната банка што отишла во стечај, туку ќе следат и други банки. Ваквите прашања поставувајте ѝ ги на госпоѓата Бежоска – вели Костовски.

Тој смета и дека банкарскиот систем и банките во Македонија не се толку силни како што кажува Народна банка на чело со гувернерката.

-Нема банка во Македонија која нема аномалии во нејзиното работење, нема банка која нема лоши портфолија, само не знам до кој степен, бидејќи „шминката” на сите извештаи и биланси е сеприсутна во нашето секојдневие – додава тој.

Коронавирус