среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 116
home Вести

Кој од Владата наредуваше да се бришат вести од бабата критичар на Заев?

Кој од Владата наредуваше да се бришат вести од бабата критичар на Заев?

Зоран Заев и Александар Наумовски вчера беа критикуван од страна на Баба Перса, која без да се воздржи им укажа на премиерот и градоначалникот на општина Ѓорче Петров за работите кои ги ветиле, а не ги исполниле.

Медиумите објавија, но веднаш потоа дел од нив ги избришаа текстовите. Новинари пак, веднаш реагираа за ова на социјалните мрежи.

-Имаше и такви медиуми кои ги избришаа критичните текстови од средбата на градоначалникот на Ѓорче Петров во Волково со премиерот и кавгата со жителите, а потоа објавуваа видео одговори од градоначалникот кон жителите, пишува новинарката Сашка Цветковска на Фејсбук и додава:

„Дечки, лесно се наоѓаат траги на интернетот. И време е за поголема транспарентност и одговорност кон јавноста во однос на тоа како медиумите ги бираат темите и како носат одлуки за тоа што го работат, како утврдуваат дека тоа што го работат е од јавен интерес, нешто што се вика уредничка транспарентност. Кога бришат и отстрануваат цел текст, треба и да информираат зошто. Граѓаните треба и тоа да го знаат ако сакаме и бараме доверба“.

На овој Фејсбук статус се надоврза и новинарот Сунаи Сабриоски, кој напиша: А имаше и наши колеги кои од старт ги нарекоа бабите ненормални и избркани од дома и му се тутнаа на премиеров за да му кажат дека другиве сме лудаци.