четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 5
home Вести

Кој му забрани на Зоран Заев да ја прифати фрлената ракавица од Мицкоски за тв дуел?

Кој му забрани на Зоран Заев да ја прифати фрлената ракавица од Мицкоски за тв дуел?

Премиерот Зоран Заев не ја прифати поканата за ТВ дуел упатена од лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Низ политичките кулоари кружат информации дека главен „виновник“ за овој потег било потесното политичко раководство на СДСМ предводено од Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска кои не сакале дополнително да ја ослабнат и така разнишаната позиција на владејачката партија пред претстојниот референдум. Упатените исто така не ја исклучуваат опцијата овој потег да бил инициран од некој друг „фактор“.

Да потсетиме, по вчерашниот состанок на Централниот комитет на најголемата опозициска партија, Мицкоски го повика премиерот на медиумско соочување посочувајќи дека сега е време да се разговара за теми кои се од највисок национален интерес.

Денеска премиерот Зоран Заев по средбата со косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека ја отфрла понудата за тв дуел.

По изјавата на премиерот, преку социјалните мрежи Мицкоски порача – стравот и изговорот се типични за човек што се однесува недостоинствено кон сопствениот народ плашејќи се да се соочи со вистината, а вистината е национално понижување, колективен грабеж, лаги и безидејност. „На крајот од дуелот ќе му кажам на Заев што мислам за бојкотот, но тој прво треба да се охрабри и да прифати дебата, напиша Мицкоски на Фејсбук.