понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 25
home Вести

Кој му соли памет на премиерот

Кој му соли памет на премиерот

Од локална естрада до советник за Бенелукс

Од почетокот на годинава Александар Ружин му стана дипломатски советник на премиерот. Во владиниот одговор пишува дека секој месец тој зема 50,000 денари за да дава совети за „економска, социјална и културна соработка со државите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург)  и Франција“.

Александар Ружин има 36 години. Тој е член на Либералдемократската партија (ЛДП), исто како и неговиот татко Нано Ружин кој порано ја вршеше функцијата амбасадор во НАТО. Роден е во Париз во 1983 година.  Во тоа време неговиот татко студира во француската метропола.  Поседува приватна фирма за продажба на автомобилски гуми и бандажи – „Бенелукс Тунинг“ 

Политичките амбиции на Ружин стануваат повидливи по антивладините протести кои почнуваат во 2015 година. Тој често се фотографира на митинзи на тогашната опозиција со високи функционери на СДСМ. ЛДП е дел од опозициското движење, често гледана како привезок на СДСМ. Тој и неговото семејство можат да се видат на фотографии со лидерот на СДСМ Зоран Заев и, почесто, со неговата сопруга Зорица.

Севкупно, професионалниот бекграунд во сферата на меѓународните односи на Ружин помладиот е кусо речено – скромна. До скоро, тој беше почесто присутен во вестите од естрадата,   а поголема популарност стекна како момче на хрватската поп ѕвезда Антонија Шола.  „Александар Ружин, македонскиот џет-сетер е сингл“, во ваков контекст до скоро се известуваше за синот на дипломатот. На неговите профили на социјалните мрежи често споделува фотографии од скапи автомобили и патувања, но и од луксузни вечерни излегувања. Пред околу две години тој се проба и како влогер. Заедно со неговата тогашна девојка Елена почнаа да продуцираат лајф-стајл видеа со пораки за љубов и среќа.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА

Коронавирус