четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 40
home Вести

Кој лаже Заев или Филипче: Македонија на чекор да остане без вакцина за КОВИД-19?

Кој лаже Заев или Филипче: Македонија на чекор да остане без вакцина за КОВИД-19?

Вакцина за КОВИД-19 во Македонија дали ќе пристигне? Деновиве низ светот актуелна тема е обезбедување на вакцина за имунизација на населението. Додека во земјиве се знае која количина ќе се набави, колку население ќе се вакцинира и кој период, во Македонија власта се расфрла со различна бројка на количина на вакцини и кој ќе ги обезбеди.

800.000 ИЛИ 400.000 ДОЗИ

Министерот за здравство, Венко Филипче деновиве на емисија на ТВ21 на јавноста појасни дека треба да добиеме 400.000 вакцини, но дали ќе дојдат сите одеднаш се чека на одговор, а тоа зависи од механизмот на „Ковакс“.

„Ние испративме допис и чекаме одговор. Не сум сигурен дека и тие точно знаат заради тоа што првите количини, тоа е суштината на „Ковакс“ механизмот ќе бидат дистрибуирани во сите земји во регионот коишто аплицирале за тој месец. Очекуваме да биде во март месец но не можеме да бидеме сигурни. Кој ќе биде вакциниран е многу важно прашање и препораки се да тоа најнапред бидат здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите. “ – рече министерот за здравство Венко Филипче за емисија на ТВ 21.

Но во првата половина од месецот ноември министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за медиуми посочи дека Македонија ќе обезбеди 800.000 вакцини.

Вакцината за КОВИД-19 во земјава се очекува да пристигне кон крајот на оваа или почеток на следната година, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. Како што вели, ќе се вакцинира 20% од населението со по две дози, што значи дека Владата ќе треба да обезбеди околу 800 илјади вакцини.

Разни компании кои работат на вакцината имаат различни цени за една доза. На пример, цената на „Модерна“ за една вакцина се движи од 32 до 37 американски долари, а се продава во мали количини. Ова значи дека за 800 илјади дози земјава ќе треба да потроши 28 милиони долари. Но, има фармацевтски компании кои понудија цена од 4 до 20 долари. Доколку сметаме со просечна цена од 10 долари за една вакцина, тогаш земјата за потребната количина ќе треба да потроши 8 милиони долари. Министерот Филипче вели дека првата вакцина која ќе стигне на пазарот, ќе ја добиеме и ние.

Првин ќе се вакцинираат здравствените работници, потоа луѓето над 65-годишна возраст, а потоа младите со хронични болести. Инаку, Владата преку ЕУ обезбеди и дополнителни количини на лекот „Ремдесивир “, кој се користи за третирање на пациенти со коронавирус. Како што велат од МЗ, Европската Комисија потпишала договор со фармацевтската компанија „Gilead“ за набавка на 500.000 дози од овој лек.

ЗАЕВ СО (НЕ)ВИСТИНА ЗА НАБАВКА

Апсурдноста да стане поголема околу самата вакцина за КОВИД-19 е тоа што премиерот Зоран Заев при своето гостување во емисија на МТВ посочи дека Грција за Македонија ќе набави вакцини за КОВИД-19.

Обезбедени се пари во буџетот за набавка на вакцини и лекови против КОВИД-19, соопштија во дебата на МТВ премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.

За вакцини против КОВИД-19 се планирани 390 милиони денари односно 6,7 милиони евра, а за лекот ремдесивир 67,5 милиони денари.

„Од кредитот со Светска банка, предвидени се средства и за вакцина, а на годишните средби исто така кажаа дека дополнително ќе ѝ дадат на државата пари само за вакцини“,рече Бесими.

Македонија е во КОВАКС-системот преку кој се резервирани вакцините. Заев соопшти дека авансот ќе го платиме веројатно на почетокот на декември, а во 2021 година ќе бидат платени и 39 милиони денари или 6,7 милиони евра.

„Ако има потреба за повеќе, ќе обезбедиме дополнителни средства“,рече Заев.

Тој информира дека владата на Грција нарачала вакцини и за Македонија и за Албанија и дека на разговорот со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен било соопштено дека ЕК донела одлука, освен за земјите членки на Унијата, вакцината да биде набавена и за шесте земји од Западен Балкан.

 

Коронавирус