понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 16
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Кој лаже – болниците и лекарите или Филипче?

Министерот Венко Филипче на новинарско прашање изјави или подобро кажано - тврди дека сите јавни институции биле навремено и целосно снабдени со потребната заштитна опрема?! Имаме реален проблем бидејќи наспрема неговото тврдење  се апелите и стотиците барања, но и благодарноста кон хуманите органзиации на лекари од јавни и приватни ординации и болници, одговорни лица во затвори и други. Во претходниот текст ги објавивме барањата на десетина институции. За да сфатите кој лаже - Филипче или лекарите од јавно и приватно здравје, ви пренесуваме само еден мал дел од благодарниците упатени кон 3D принт Медицинска опрема.
Кој лаже – болниците и лекарите или Филипче?

Курир објави десетици барања на болници, ординации, амбуланти, затвори и други јавни институции кои бараат донации од хумани организации за запштитна опрема од коронавирусот.

Прашањето кое е очигледно се наметнува и кое го поставивме е – каде е тука државата и дали се треба да се сведе на хумани луѓе, кои за среќа ги има во Македонија?

Помошта е добредојдена, но ова е знак дека министерството за здравство сериозно потфрла, а овие јавни и приватни институции мораат да се крстат во хуманоста на иницијаторите од 3D принт Медицинска опрема, Фејсбук групата Изработка на капи и каљачи и други филантропи во државата.

Хуманите луѓе имаат силна заслуга за заштита на лицата најизложени и први во линијата во битката со коронавирусот, кои очигледно се оставени само на себе. За потсетување, до денеска над 50 медицинари се заразени со КОВИД-19 во Македонија. Причината за ова, за жал, е јасна.

Токму денеска, новинарите на прес-конференција поставија прашање токму за овој проблем и кај министерот Венко Филипче, кој изјави или подобро кажано – тврди дека сите јавни институции биле навремено и целосно снабдени со потребната заштитна опрема?!

Имаме реален проблем бидејќи наспрема неговото тврдење  се апелите и стотиците барања на лекари од јавни и приватни ординации и болници, одговорни лица во затвори и други.

Во претходниот текст ги објавивме барањата на десетина институции.

За да сфатите кој лаже – Филипче или лекарите од јавно здравје, ви пренесуваме само еден мал дел од благодарниците упатени кон 3D принт Медицинска опрема.

Уште полесно и поедноставно, одете на нивниот отворен профил на ФБ и уверете се самите, дали ова е хир на лекарите кои очигледно немаат никаква заштитна опрема или министерот Филипче е во право кога вели дека лекарите се одлично снабдени. Напоменуваме, ова е само мал дел од изразената благодарност до хуманите луѓе.

Видете самите –

 

Кој лаже – лекарите или Филипче, заклучете самите…

 

 

Коронавирус