среда, 21. април 2021. Вести денес: 165
home Вести

Кој ќе одговорa за срамот во меѓународните односи што го приреди власта на Заев?

Кој ќе одговорa за срамот во меѓународните односи што го приреди власта на Заев?

Тотална деградација на институциите се докажа по бегството и враќањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Кој ќе понесе одговорност за срамот  во меѓународните односи што го приредија во овие два дена и потврда за нефункционалност на инсистуциите во Македонија?

Дали премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе понесат одговорност бидејќи ја посрамотија државата во мегунаридните односи?Срам и брука, распишаната меѓународна  потерница е јасен доказ за немањето контрола во сопствените внатрешни граници на државата. Неспособноста на полицијата.потфлувањето на безбедносните служби, судството обвинителството се покажа на дело.  Дополнително што и самиот министер Оливер Спасовски на прес конференција тврдеше дека целокупниот систем не функционира.

Дилемите на граѓаните и јавноста одат дотаму, дека ова „предавање“ на Мијалков, односно оваа „успешна операција“ на фаќање на истиот координирана лично од премиерот Зоран Заев, е само ПР потег со кој Мијалков ќе добие концесии во понатамошните постапки.

Ваквите случување според мислењето на експертите неизбежно ќе доведат до реперкусии во извештаите на меѓународните институции во борбата за справување со криминалот и корупцијата како и владеењето на правото  во Македонија.

Коронавирус