понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Кој ќе одговара за непочитување на правото, двојната функционерка Старделова или Антикорупциска

Кој ќе одговара за непочитување на правото, двојната функционерка Старделова или Антикорупциска

Кој ја заштитува Калина Гривчева Старделова? Миленичката на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче уште извршува две функции, таа е претседател на Лекарската комора и директор на Клиниката за гастоентерохепатологија истовремено. Зошто за ова ДКСК молчи година дена?

Молкот на ДКСК дозволува Старделова како претседател на Лекарската комора сама да си ја контролира работата како директор на Клиниката за гастроентерохепатологија. Бидејќи според правните норми, првиот човек на Комората ја контролира работата на првите луѓе на јавните здравствени институции.

Ако на 22 ноември 2019 година Антикорупциска комисија доставила известување до Старделова за судир на интереси и дала рок од 15 дена истата да се откаже од една од функциите тоа до денес не е сторено. Старделова и по повеќе од една година се уште на двете функции.

По овој преседан, реагираат граѓаните дека иако на големо се ветуваше дека ќе се спречи корупција и злоупотребување на функции очигледно е дека тие ги има се повеќе по стапувањето на Зоран Заев за премиер.

„Нашата Влада и јас како премиер, но и сите претставници на локалната власт, како и претставниците од граѓанскиот сектор и од приватниот сектор, имаме одговорност да се справиме со сериозните предизвици што корупцијата ги поставува пред нас. Корупцијата е закана за воспоставување на владеење на правото, а ние презедовме обврска дека во Македонија ќе владее правото. Затоа, мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата. Ве охрабрувам и вас, активно да се вклучите во oваа заедничка борба, преку пријавување на корупцијата и без страв од последици. Со ова јасно укажувам дека никој нема да биде изземен од одговорност“, рече премиерот Зоран Заев на една од прес конференциите во 2017-тата година и додаде дека од успехот на борбата против корупцијата, зависи успехот на државата.

„Свесни сме дека корупцијата не може да се искорени преку ноќ, напротив борбата против корупцијата е чекор по чекор, проект по проект, еден многу долготраен процес. Министерството за здравство има план за борба против корупцијата“, истакна министерот за здравство Венко Филипче на една од своите прес конференции во 2018-тата година.

„Сите ние сме за некаква борба против корупција, но ретко кој сака да се бори, а уште помалку да биде допрен со таа борба. Тие состојби мора да бидат наше минато“, додаде Билјана Ивановска, директор на ДКСК на една од своите прес конференции во 2019-тата година.

Оваа тема ја потресе јавноста викендов дури се пишуваше и дневниот весник „Коха“ во текстот насловен како „Кој ја брани директорката и претседателката Старделова“.

И покрај апелите и укажувањата од претставниците на власта и од ДКСК има само молк.

Најнови вести

Локални избори 2021