сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Кој ќе одговара што семејствата плаќаа илјадници евра за лимени ковчези за починати од Ковид?

Кој ќе одговара што семејствата плаќаа илјадници евра за лимени ковчези за починати од Ковид?

Старо-новиот протокол за погребување на починатите со ковид ги збуни и граѓаните и погребалните оператори. Се уште е неизвестно дали некој ќе сноси одговорност поради тоа што во изминатите десетина месеци се манипулираше со семејствата и им беше наложувано свпоите најблиски да ги погребуваат во лимени сандаци. На овој начин семејствата беа изложувани на дополнителни трошоци, а за таа екстра превенција од вирусот мораше да плаќаат плус 300евра. Алфа оваа тема ја отвори уште во септември . и тогаш погребалните оператори потврдија дека во протоколот никаде не се наведува дека починатиот треба да биде во лимен сандак, но тврдеа дека на терен состојбата е поразлична. Според нив конфузната ситуација е резултат на недереченостите во протоколот, кој во дадени моменти се коси со Законот за заштита на населението од заразни болести, пренесува АЛФА.

-Ним им е само наложено да биде лимен ковчег и тоа од здравствените установи .никој не знае да каже од каде произлегува таа обврска. За истиот проблем е разговарано неколку пати со здтравствените установи , меѓутоа од таму не добиваме никаков одговор. Или телото ќе биде ставено во лимен сандак , или воопшто нема да им биде предадено телото „ -изјави Дејан Стојчев-адвокат на Здружение на погребални оператори.

Целиот текст може да го прочитате на АЛФА.

Коронавирус