понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 141
home Вести

Кој ќе му поверува на Спасовски дека полициски службеници без знаење на претпоставените давале пасоши на нарко босови?

Кој ќе му поверува на Спасовски дека полициски службеници без знаење на претпоставените давале пасоши на нарко босови?

Правната држава завршува таму каде СДСМ, Заев и Спасовски почнува. Кој нормален ќе поверува дека полициски службеници сами, без знаење на претпоставени кои се поставени директно од Спасовски сами издавале пасоши на нарко босови?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според мафијашката власт службеници се криви за пасошите за нарко босови? Маргиналци се криви за државниот рекет каде никогаш не се расчисти каде завршија парите? Никој не е крив ниту за туцето пари на Ден Дончев кој избега во Австралија? Никој не е крив ниту за бегството на Мијалков?, подвлекуваат од партијата и додаваат:

„Никој не е крив, зашто Владата на Заев е мафијата, а врана на врана очи не вади. Ќе одговарате, час поскоро“.

Коронавирус