четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 117
home Вести

Кој и зошто ја почести Јанева две недели “бонус“ пред да добие притвор?

Кој и зошто ја почести Јанева две недели “бонус“ пред да добие притвор?

Две недели Катица Јанева беше оставена со врзани раце да направи што сака. Од првиот момент во кој на сите им стана јасно дека специјалната јавна обвинителка е длабоко вмешана во аферата „Рекет“, до денот кога беше уапсена, Јанева беше оставена да го направи сето она поради кое, всушност, се определува мерка притвор.

Јанева во тој период можеше да влијае врз сведоци, да уништува докази или да избега во странство.

Обвинителството ги имаше доказите, но зошто чекаше две недели е прашање кое допрва некој мора да го одговори.

Притворот беше определен дури доцна синоќа, а постојат основи за сомнеж дека Јанева одлично го искористила времето кое го доби “бонус“.

Имено, шефицата на СЈО во оставка во овој период имаше доволно време да го форматира мобилниот телефон во кој се верува дека имало содржини кои се докази за нејзините противзаконити дејствувања.

Јанева беше пуштена и да оди на одмор, односно да ја напушти државата, со што се јави директна опасност дека таа ќе избега од државата. Да посакаше да го направи тоа,  немаше кој да ја спречи на замислениот пат. Таа доби буквално слобода да прави што сака.

За целиот овој период кој беше подарен за Јанева, таа имаше отворена можност да влијае врз потенцијални сведоци во истрагата.

Сето ова горенаведено, јасно става на знаење дека некој свесно даде простор Јанева да избега од одговорноста, на било кој начин.

Согледувајќи ги сите докази кои јавноста можеше да ги види и чуе изминатиов период, за јавноста е јасно дека без Катица Јанева ваква акција „Рекет“ немало да може да се реализира.

Со оглед на фактот колку време рекетирала дружината, станува уште појасно дека истата ќе беше многу порано обелоденета, доколку учество во неа немал и лично премиерот Зоран Заев.

Де факто, под власт на Заев се БЈБ и УБК, финансиската полиција како и сите безбедносно финансиски агенции. Само таква една поврзаност или наредбодавање може да биде причина рекетарите да бидат оставени да работат “на раат“.

Чија беше одлуката Јанева да добие две недели бонус и што и беше дозволено да направи во тој период, останува отворено прашање.