вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Кој го советува Филипче?

Кој го советува Филипче?

Министерствата во Македонија се преплавени со советници и ПИ-АР експерти кои министрите ги советуваат за време на нивнитте министерувања со своите ресори. Негелникот „Фокус“, во најновиот број правил анализа за советниците во министерствата каде што се потенцира дека, од година во година, се поголем станува бројот на луѓето што седат на советничките столќиња во речиси сите министерства кои ги креираат внатрешните политики. А, нивниот број може да биде неограничен, тоа може да се забележи и по бројките на ангажирани советници.

Иако за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, тогашната опозиција СДСМ постојано критикување дека непотребно се трошат пари од буџетот и дека кога тие ѓе дошле на власт тоа ќе се променело. Но, со доаѓањето на власт на СДСМ, не само што бројките на советници не се намалија, туку напротив, се удвоија.

Неделникот „Фокус“ пишува дека исклучок од овие правила не е и Министерството за здравство, каде што во кабинетот на на министерот Венко Филипче врие од советници. Дел ги донесе тој, откако седна на министерстката фотелја, но и дел кои останаа на старите функции уште од времето на поранешниот прв човек во здравтсвото, Никола Тодоров.

Во Министерството за здравство, во моментот се ангажирани нови 15 советници, кои се ангажирани на договор на дело за 2021 година. Нивните плати и хонорари се движат од 30 до 50 илјади денар, во зависност од тоа кој каква функција извршува и кои им се работните задачи. Бројот на советници секојдневно се зголемува, но затоа, пак, реалните проблеми во здравство остануваат.

Неделникот располада со целиот список на советници во минстерскиот кабинет, список кој за нив го потврдиле и од самото Министерство за здравство.

Една од советниците е Ангела Велинова, која е вработена во министерството со самото доаѓање на Филипче. Таа беше задолжена за делот со односи со јавноста, но веќе од 23 септември наваму се води како посебен советник во неговиот кабинет со плата од 50.000 денари.

Уште еден на листата на посебни советници на актуелниот министер е Дритан Исмаили, кој, исто така, на оваа функција е ангажиран од 23 септември минатата година со плата од 50.000 денари. Тој, официјално, се води како шеф на кабинет на првиот човек на здравството.

На платниот список на Филипче како посебен советник е и Татјана Васиќ-Бозаџиева, која е една од неговите најблиски соработници. Таа на советничкото место е ангажирана од 1 октомври, со нето плата, исто така, од 50 илјади денари и таа не е нов советник, туку таму е од времето на Тодоров. Според информациите на „Фокус“, кој било документ, пред да добие амин од министерот, најпрвин поминува низ рацете на Васиќ.

Но, тука не завршува списокот на старо-нови вработени во министерството предводено од Филипче. Постои уште една листа од тројца советници, но тие официјално се водат како кабинетски службеници, кои на оваа работно место се ангажирани од 1 септември 2020 година, односно неколку месеци по завршувањето на предвремените парламентарни избори.

Станува збор за Вања Андонова, која фигурира како советник, потоа Гордана Мајнова како државен советник и Иванка Стојаноски, ангажирана како помошник-раководител на сектор. Од министерството за „Фактор“ тврдат дека овие лица се онгажирани со додаток во висина од 30 отсто од износот на основната плата, но не дале одговори колку е толно основната плата?

„Фокус“ го има и списокот на лица ангажирани во кабинетот на министерот со договор на дело за 2021 година, чии хонорари се движат од 30 до 40.000 денари. Повеќето од нив се млади лица. На оваа листа се наоѓаат девет лица, чија основна задача е поврзана со односи со јавноста.

Предводник на оваа листа е Катерина Гетева, која пред неколку месеци на оваа позијција дојде од телевизија Алфа. Освен неа на тој список може да се најдат други поранешни новинари, програмски службенички, манекенки, кандидати за градоначалници. Меѓу нив е и Деспина Србиновска-Шундовска, која кратко време е на оваа позиција откако претходно работела во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со која управуваше Лидија Димова, која пред повеќе од еден месец беше разрешена од функцијата.

На листата на ангажирани лица со договор на дело може да се најде и името на Мартина Ивковска, која на локалните избори во 2027 година беше кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ на скопската Општина Илинден.

Од министерство за „Фокус“ велат дека овие лица извршуваат работни задачи во повеќе области поврзани со Односи со јавноста.

Факт е дека секој министер си носи своја екипа, но се поминаа границите со многуте советници, за кои претходно сегашната власт критикуваше. Многу пологично е парите да се трошат за да се среди веќе распаднатиот здравствен систем, отколку за „советодавачи“ што делат памет на секој чекор. Барем до сега не видовме никаква корист од нив, пишува „Фокус“.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија