вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Кој го плаќа екс премиерот – партијата или државата?

Кој го плаќа екс премиерот – партијата или државата?

Давање на пакети со храна онаму каде е најпотребно , но и идеја за кратење на платите на административците, дел од нивните фирми платиле предвреме данок, ама дел би можеле да бараат помош од државата, вака на кратко може да се сумира однесувањето на екс премиерот Зоран Заев во време на пандемијата од корона вирусот.

Останува отворено прашањето кој го советуваше Заев да даде таков предлог за намалување на плати во администрацијата, односно над 100 000 граѓани во Македонија во вакви кризни времиња да преживуваат со плата од 14.500 денари. На прес конференцијата каде беше дадена оваа идеја реакциите на социјалните мрежи беа дека Заев настапува како да е премиер на државата. Само по себе се наметнува и прашањето од каде зема плата Заев, дали апанажа односно плата од Владата или пак од партијата, ако зема од партија колку изнесува, оти самиот тој кажа дека ќе штеделе во СДСМ.

Ние побаравме одговори од прес центарот на социјал-демократите за овие прашања, но одговор не добивме. Го побаравме и Заев директно да одговори, но сепак одговори нема. Нема инфомации ни дали се уште Заев користи обезбедување и ако користи кој го плаќа, а нејасно е и каде живее со оглед на полицискиот час кратко е времето за пат до Струмица.

Политичките актери повикаа на солидарност и плаќање предвреме на обврските на државата, Заев вели некои нивни фирми веќе платиле данок пред време ама не кажа кои. Од УЈП за Алфа велат досега вкупно 17 фирми од Македонија платиле данок, но заради заштита на податоците не кажаа дали некои од овие 17 се во сопственост на семејството Заеви.

извор: alfa.mk

Коронавирус