среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 144
home Вести

Кој е тој Андов? Обвинетиот Нинџа за судот и СДСМ порелевантен сведок од Стојан Андов

Кој е тој Андов? Обвинетиот Нинџа за судот и СДСМ порелевантен сведок од Стојан Андов

Двојните аршини на македонското правосудство стануваат секојдневна пракса. Владеењето на правото е сведено на нула. Пред неколку дена видовме како само заради политичка корист на власта судството зема за релевантни искази на човек како Александар Василевски – Нинџа, на кого му се заканува над 20 годишна казна затвор, а притоа во исто време не зема ниту во обзир искази и кажувања на Стојан Андов, долгогодишен претседател на собранието на Република Македонија и чинител во општествено политичките текови во државата во изминативе 30 – тина години, кога јавно преку својата книга обелоденува за одговорните за атентатот на Глигоров, при што го спомнува Љубомир Фрчкоски како директен виновник за атентатот.

На кажувањата на Аднов, не уследи реакција на обвинителството, кое по допрен глас е должно за кривично дело, како што е обид за убиство на претставници од највисоките државни органи од чл.309 од КЗ, за кое е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор, да поведе истрага и да го повика Андов да го потврди или расветли наводите. Андов иако жив сведок на тогашните настани не е релевантен за обвинителството за поведување истрага, но затоа за истото тоа обвинителство е релевантен човек како Нинџа кому му се заканува затвор од најмалку 20 години, за настаните од 27 април од собранието, и кој како таков е спремен на секаков исказ, па дури и тој да е претпоставено лажен.

Еминентниот новинар Љубомир Гајдов пред некој ден исто така обелодени скандалозни детали околу атентатот на Глигоров, тој во неговиот говор кажа:

-Одма по атентатот, три истоветни телеграми дојдоа од Вашингтон од ЦИА, од Лондон и од Минхен. Пишуваше „Ништо не пипајте, доаѓаат нашите експерти“. Ама вашиот министер на полиција го однесе Мерцедесот во непознат правец, после 120 минути. Зошто, прашав јас наивно. Тој е мозок на атентатот, ми вели, обелодени Гајдов.

И Гајдов, како и Андов не е повикан од обвинителството за наводите, ниту пак во обвинителство е повикан Фрчкоски, кој го посочуваат и двајцата, но ја немаат сите истата поддршка од власта како провладиниот колумнист, експерт и дежурен гостин во дебатните емисии Фрчкоски. Па така не само на разговор, туку и во притвор завршуваат луѓе само заради тоа што се спомнати во судница од страна на лица на кои им се заканува долгогодишна робија и кои за да се спасат од истата би биле спремни на се, па дури и на лага.

Двојните аршини на судството

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски веќе половина месец се наоѓаат во притвор само врз основа на службена белешка која се повикува на неименуван извор за средба кај претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, која патем беше демантирана од институцијата претседател на Република Македонија, која е највисока државна институција. И во овој случај како и во претходниот клиентелистичкото судство му поклони поголема доверба на нерелевантен извор отколку на претседателот на државата.

Коронавирус