сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 111
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски ќе ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните на Кисела Вода

home Вести

Кој е Игор Јанушев?

Кој е Игор Јанушев?

Игор Јанушев е Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ кое воедно е и носител на Изборна Единица 3.

Но кој е Јанушев?
Дипломирал на Правен факултет „Јустинијан I“ – Скопје, насока правни студии каде што подоцна продолжил со постдипломски студии на меѓународно право и меѓународни односи.
Роден е во Велес, и долги години активист на УМС Велес и на Општинскиот Комитет на Велес.

Покрај тоа што го знаеме како голем патриот и борец за право и правда, она што е импресивно а и малкумина од јавноста го знаат дека токму тој е лицето кое го донело и потпишало соработка со WIZZ Air. Благодарение на добриот менаџмент и вештини кои ги поседувал, за многумина Европа им стаса на дланка, со ефтините летови можевме да патуваме каде ќе посакаме. Но она што е навистина исто така импресивно, Игор Јанушев е лицето кое што ја водело постапката за доделување на концесија за проширување, обнова, модернизација и управување на аеродромите „Александар Велики“ – Скопје, „Св. Апостол Павле“ – Охрид и изградба на нов карго аеродром во Штип;

Неговото СV е доста импресивно и богато, името бил и Претседател на Комисија за распределба на становите изградени по „Проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лица со ниски приходи“, ја подготвувал на националната стратегија за развој на воздухопловството, исто така бил и во надзор над работата на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Покрај тоа што е докажан во својата работа, често можеме да го видиме како џогира, или е пријавен на некои од трките од wizz air, љубител на спортот како и љубител на добрата музика. Како голем љубител и негувач на културното национално богатство и традиционален фолклор, често ги посетува настаните на изворните фолклорни ансамбли.

Како човек кој секогаш се залагал за напредок и просперитет на својот роден Велес, Јанушев ги познава проблемите на народот од североисточниот дел на Република Македонија, затоа и ја превзема одговорноста да биде носител на листата во ИЕ3.

извор: bregalnicki.mk

Најнови вести

Парламентарни избори 2020