сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 102
home Вести

Кој е Ѓорѓија Сајкоски- Од успешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кичево до Генерален секретар на партијата

Кој е Ѓорѓија Сајкоски- Од успешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кичево до Генерален секретар на партијата

Огромно искуство во менаџирање на локални и државни институции, долгогодишен и успешен член на ВМРО-ДПМНЕ, што може да се воочи низ партиските функции. Со овие карактеристики изобилува биографијата на новиот генерелен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски има големо искуство како во делот на менаџирање на институции, како и со многу раководни партиски тела и органи. Сајкоски успешно менаџираше или беше прв човек на Центарот за култура Кочо Рацин во Кичево, директор во јавното претпријатие Студенчица. Сајкоски извршувал и низа на функции во локалната власт и државните институции како претседател на Совет на општина Кичево во периодот од 2009 до 2013 година, пратеник во Собранието. Во рамки на партијата бил претседател на Комисијата за култура и локална самоуправа, а во периодот 2011 -2015 бил партиски потсекретар.

Сајкоски е претседател на Општинскиот комитет на Кичево од 2010 година. Успесите на Сајкоски како прв човек на Општинскиот комитет во Кичево се многубројни и од ден на ден се поголеми.

Од годината кога го презема менаџирањето со Комитетот, ВМРО-ДПМНЕ бележи големи победи во изборните циклуси. Веќе следната година или во 2011 година на параментарните избори, ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ има предност од повеќе од две илјади и петстотини гласови. Прецизно разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ е 2.579, или ВМРО-ДПМНЕ во Кичево освојува 7.371, а СДСМ само 4.792 гласа.

Во 2014 година на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ во Кичево пак прави уште поголема разлика од СДСМ, или разлика од 6.185 гласа во однос на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори освојува 9.715 гласа, а СДСМ само 3.550 гласа.

На парламентарните избори во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ повторно во водство, или ВМРО-ДПМНЕ освојува 9.076 гласа, а СДСМ 5.574 гласа. Водството на ВМРО- ДПМНЕ е повеќе од три илјади и петстотини гласа.

Оваа година на парламенатрните избори кои се одружваа во крајно нефер и недемократска атмосфера и за прв пат во период на епидемија со корна вирус, ВМРО-ДПМНЕ повторно успеа да извојува победа и да добие дупло повеќе гласови од СДСМ. Или за ВМРО-ДПМНЕ 6.421, а за СДСМ 3.714 гласа.
Карактеристични се локалните избори во 2017 година кога СДСМ немаше свој кандидат за градоначалник во Кичево и го поддржува кандидатот на ДУИ. Значи ВМРО-ДПМНЕ против сите на локално ниво добива околу 10 илјади гласа или 9.558.

Коронавирус