недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Кој беше Амди Бајрам- 102,5%, гол со пета, Кока Кола, маме и е*авте на Македонија…

Кој беше Амди Бајрам- 102,5%, гол со пета, Кока Кола, маме и е*авте на Македонија…

Амди Бајрам е роден во Скопје на 30 август 1956 година и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“.

Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник.

Во 1996 ја основал СРМ и бил назначен за нејзин претседател. Во периодот 1994–1998 беше во коалиција со владејачкиот СДСМ, а за парламентарните избори во 1998 типуваше победа на премиерот Бранко Црвенковски со 102%.

Во периодот 1998–2002 ја поддржуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски. При гласањето доверба на владата на Георгиевски по барање на лидерот на опозицијата Црвенковски во декември 2000, владата опстоила поради гласот на Бајрам, по што тој изјавил дека им дал „гол со пета“ на СДСМ и дека неговата партија „секогаш е со власта“.

Бајрам во 2004 беше обвинет за кражба на платно од штипската фабрика „Македонка“ вредно 750 илјади евра. Тој првично беше осуден на 7-годишна казна затвор, која потоа му беше намалена на 4 години. На локалните избори во 2005, додека пресудата уште не беше правосилна, се кандидираше за градоначалник на Шуто Оризари. Иако победи, беше градоначалник нецел месец бидејќи беше однесен на издржување затворска казна во затворот во Штип. Во 2007 казната му беше намалена за шест месеци од претседателот Црвенковски, а во 2008 излезе од затвор.

По напуштање на затворот повторно влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски. Додека партиципираше во коалицијата на Груевски, Бајрам вербално се конфронтираше со повеќемина пратеници на СДСМ, велејќи дека е „бренд како Кока-Кола“ во споредба со нив. За време на протестите организирани од СДСМ пред Собранието на 24 декемри 2012, Бајрам им покажа среден прст на насобраните симпатизери на опозицијата.

Бајрам ја прекин коалиција со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата замина во опозиција по парламентарните избори во 2016 и изрази желба да премине во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на премиерот Зоран Заев.

Амди беше татко на политичарот Елвис Бајрам, кој пак беше градоначалник на Општина Шуто Оризари во периодот 2009–2017.

Најнови вести

Коронавирус